Фото: Архива/Маја Јаневска-Илиева

На списокот фигурираат вкупно 35 ракометарки, од кои 12 се интернационалки, а поради повреда отпадна Симона Маџовска

РАКОМЕТ – САВЕВСКИ ГО ОБЈАВИ ПОШИРОКИОТ СПИСОК ЗА БАРАЖОТ СО УКРАИНА ЗА ПЛАСМАН НА СП 2023

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски, го објави поширокиот список на ракометарки пред бараж-двомечот со Украина за пласман на Светското првенство (СП), кое годинава ќе се одржи во Норвешка, Данска и Шведска (30 ноември–17 декември). На списокот фигурираат 35 ракометарки, од кои 12 се интернационалки и 23 играат во пет клуба во домашното првенство, Металург (пет ракометарки), Ѓорче Петров Скопје (седум), Вардар (шест), Куманово (три) и Чаир (две). Во составот нема поголеми изненадувања, по долга пауза се враќаат Елена Ѓорѓиевска и Ивана Гакидова, но ќе апстинира повредената Симона Маџовска.
Првиот дуел се игра во Скопје, на 8 април (19 ч.), во СЦ „Борис Трајковски“, додека реванш-натпреварот помеѓу овие две селекции, поради актуелната ситуација во Украина, ќе се одигра во унгарскиот град Кишварда, на 11 април (17 ч.). Вкупниот победник од двата натпревара ќе патува на СП 2023.
Македонија досега пет пати настапила на СП, последен пат во Франција во 2007-та (12-то место), додека најдобриот пласман го остварила во Германија во 1997 година, кога била седма. Украина, пак, седум пати досега била дел од мундијалите, најдобриот пласман ѝ е четвртото место во Хрватска во 2003 година, додека последен пат играла во Кина во 2009 година и завршила на 17-та позиција. Г.И.


Поширок список на репрезентативки

Елена Ѓорѓиевска, Сара Ристовска, Јована Мицевска, Јована Саздовска, Сања Дабевска, Јована Кипријановска, Драгана Петковска, Леонида Гичевска, Моника Јанеска, Ивана Гакидова, Александра Коловска, Андреа Седлоска, Марија Јовановска, Матеа Чурлиновска, Амра Терзиќ, Емилијана Ризоска, Бојана Диневска, Сара Миновска, Анастасија Николовска, Марија Гугуљанова, Ивона Трпевска, Теодора Дукоска, Ивана Џатевска, Катерина Дамјаноска, Борјана Коцева, Милица Николиќ, Ангела Јанкуловска, Теодора Гулицоска, Ива Божиновска, Бојана Коцева, Ивана Арсениевска, Габриела Величковска, Ива Младеновска, Леонора Рахмани, Мила Трајковиќ.