Македонија во својата група ja совлада Белгија (63-57), а загуби од Франција (32-60) и од Литванија (52-95)

КОШАРКА – ЕП ДО 16 ГОДИНИ

Машката кадетска репрезентација на Македонија го освои третото место во групата Б по првиот дел од Европското првенство (ЕП) за кадети (до 16 год.), дивизија А, кое се одржува во Скопје, втора година во низа. За пласман во четврт-финалето и со обезбедување опстанок во оваа дивизија, избраниците на селекторот Александар Јованчев денеска (18.30 ч.) во СЦ „Кале“ ќе играат со Словенија, која, пак, заврши втора во групата А, по поразот од Италија (74-83).
Македонија во својата група ja совлада Белгија (63-57), а загуби од објективно посилните Франција (32-60) и Литванија (52-95), од кои последнава со максимални три победи е прва во групата. Според системот на играње, сите селекции во четирите групи одат понатаму, односно се формираат осминафиналните двојки, кои продолжуваат по принцип на елиминации. Победниците обезбедуваат пласман во четврт-финалето, додека поразените ќе се борат за пласман од деветтото до 16-то место. Трите последнопласирани селекции, пак, се селат во дивизијата Б. Натпреварите се играат во СЦ „Кале“ и во СЦ „Борис Трајковски“, а влезот е слободен.
Осминафинални двојки (денеска): Италија – Белгија, Германија – Полска, Франција – Црн Гора, Грција-Финска, Словенија – Македонија, Шпанија-Летонија, Литванија – Турција и Србија – Израел. Г.И.


Резултати, група Б

Македонија – Белгија 63-57
Литванија – Франција 102-94
Белгија – Литванија 48-73
Франција – Македонија 60-32
Франција – Белгија 79-61
Македонија – Литванија 52-95

ТАБЕЛА
Литванија 3 3 0 270-194 6
Франција 3 2 1 286-219 5
Македонија 3 1 2 171-265 4
Белгија 3 0 3 166-215 2