ФУДБАЛ – СЕРИЈА БЕЗ ПОРАЗ

Со победата над репрезентацијата на Хондурас во пријателски меч во Мајами (САД) со 3-0, фудбалската селекција на Аргентина ја продолжи својата серија без пораз на 34 натпревари, најдолгата активна серија без пораз и приближно најдолгата во историјата во меѓународниот фудбал. Серијата почна во 2019 година со победата за бронзата на Копа Америка, во меѓувреме на следното првенство на Јужна Америка, во 2021 година, Аргентина ја освои титулата, а импресивната серија резултати вклучи и три натпревари со Бразил (две победи и едно реми).

Следен меч за Аргентина е пријателскиот дуел утре со Јамајка. Италија уште е на врвот на листата со најдолга низа без пораз на сите времиња, со 37 натпревари. По дуелот со Јамајка за Аргентина следни натпревари, ако во меѓувреме не закаже нови пријателски средби, се тие на Светското првенство годинава во Катар, во групата Ц, во која се и Саудиска Арабија, Мексико и Полска.