Македонските фудбалски репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб ќе се соочат против англиски Тотенхем во осминафиналето на Лига Европа. Ова е резултат на денешната ждрепка влечена во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.

Поранешните европски прваци Милан и Манчестер јунајтед ќе се сретнат во дербито на рундата. Првите дуели од осминафиналето се закажани за 11 март, додека реваншите се играат една седмица подоцна.

Осминафинални двојки

Ајакс – Јанг Бојс
Динамо Киев – Вилјареал
Рома – Шахтер
Олимпијакос – Арсенал
Динамо Загреб – Тотенхем
Манчестер јунајтед – Милан
Славија Прага – Глазгов ренџерс
Гранада – Молде