Ветеринарката Кет, позната и како Кет д Вет, на својот профил на Тик ток често им дава совети на сопствениците на кучиња за нивното однесување и потреби, а сега, на летните горештини, таа предупреди кои раси најтешко ги поднесуваат високите температури.

– На првото место е расата чау чау поради нивните густи влакна – вели Кат, истакнувајќи дека расата има 17 пати поголема веројатност да доживее топлотен удар од другите кучиња, што не е изненадувачки кога ќе ги земете предвид неговата малку рамна муцка и дебелото крзно.

Покрај оваа раса, објасни таа за „Сан“, загрозени се и кучињата со рамни муцки како булдози и мопс, бидејќи тешко дишат.
– На второ, трето и четврто место се англискиот булдог, францускиот булдог и францускиот мастиф – вели ветеринарката, посочувајќи дека расите со рамна муцка се многу поранливи на горештините и дека за нив треба посебна грижа.

Следни на оваа листа се ’ртовите, поради нивната голема мускулна маса, како и кавалерскиот кинг чарлс шпаниел, поради фактот што се склони кон дебелеење.
– На петто место се ’ртовите најмногу поради тоа што имаат голема мускулна маса во однос на големината на телото, што значи дека нивната температура може многу да се покачи во лето, особено во топлите денови – објасни таа.

Според неа, следни се спрингер шпаниелот и златниот ретривер, познати се по тоа што „полудуваат“ и трчаат без оглед на временските услови, а и двете раси имаат многу дебело крзно.
– За овие раси, неодамнешните истражувања покажаа дека тие се особено чувствителни на топлина, но сите кучиња со погусто крзно се чувствителни на многу топло време – вели таа и им порача на сите сопственици добро да се грижат за своите миленици во лето без разлика на нивната раса.