Фото: Пиксабеј

Животни

Решивте да внесете домашно милениче и тоа треба да биде мачка. Без разлика на возраста и полот на мачката, пред нејзиното пристигнување, важно е да се подготви сѐ што ќе биде неопходно за да се задоволат нејзините потреби за хигиена, игра и удобност. Кои предмети се неопходни за совршено функционирање на мачката во домот?
Сад за вода и за храна: Се препорачува да набавите садови од не’рѓосувачки челик или квалитетна пластика за да се спречи ширење на бактерии. Се подразбира редовно миење на двата сада.
Храна за мачки: Видот на храната што ќе ја изберете зависи од возраста на мачката и од нејзиното здравје, а понекогаш и самата раса може да биде важен фактор при изборот на храна.
Песок и кутија за отпадоци: Мачките се природно уредни животни, па затоа е неопходно да се набави сад во кој ќе вршат нужда.
Кревет за мачки: Иако поголемиот дел од времето ќе го поминуваат дремејќи на случајни места, од кои некои ќе ви бидат непријатни, набавете тепих или некоја мека површина на која мачката ќе може да се одмори.
Играчки: Бидејќи мачките се љубопитни и секогаш подготвени да го „имитираат“ ловот, набавете му на вашето домашно милениче играчки што ќе го одржуваат активни.
Четка за мачки: Ако сте решиле да внесете неодолива бушава мачка во вашиот дом, ќе ви треба четка за правилно да ги одржувате нејзината хигиена и изглед.
Шампон за мачки: Тоа е дел од козметиката за негување во која мачката нема да ужива, но бањањето понекогаш е неопходно за одржување на хигиената и здравјето на мачката.