Нега и убавина

Излегувањето на сонце без крем со заштитен фактор може да има непријатни последици како опасни изгореници. Синди Ален-Стјуарт го доживеа тоа од прва рака откако отиде на плажа. Иако нанела крем за сончање, нејзината чувствителна кожа изгорела, а грбот ѝ бил црвен и воспален. Во потрага по решение, Синди добила совет од нејзината свекрва, кој изгледал многу необично. Таа ѝ рекла да нанесе пена за бричење на изгорениците и да ја остави да отстои половина час, пренесува британски „Сан“.
– Пената ќе почне да ја извлекува топлината од кожата. Не грижете се ако вашата кожа почне да ве чеша, токму така функционира пената за бричење на воспалената кожа. А кога ќе почувствувате студ на изгорениот дел од кожата, тоа е исто така добар знак. Ментолот во пената за бричење ја лади кожата и ја намалува температурата – напишала Синди.
Иако била скептична, Синди забележала подобрување, но и советувала да се повтори процедурата доколку изгорениците и понатаму се присутни следниот ден.
Сепак, важно е да се напомене дека овој трик не треба да се смета за замена за кремот за сончање. Кремот за сончање сè уште е апсолутно неопходен кога излегувате на сонце, а Синди откри дека овој трик со пена за бричење е ефикасен само во случај да изгорите. Таа сподели дека претходно користела гел од алое, но призна дека трикот со пена се покажал како поефикасен.