Македонскиот писател Томислав Османли е еден од двајцата победници во категоријата за роман на кинескиот книжевен конкурс „Зенг Ниан кап“ распишан од пекиншкиот Музеј на литературата за свесност и други. Наградата му е доделена за српското издание на романот „Брод. Конзархија“, кое во издание на новосадска „Агора“ и во превод од македонски писател, уредник и преведувач Сашо Огненовски излезе од печат минатата година.
Романот „Бродот. Конзархија“ со поднаслов „Холограф“ изворно беше објавен од македонското книгоиздателство „Магор“ во 2016 година. Како и македонското, и српското издание на романот на Османли доби повеќе, вонредно позитивни критички одгласи и медиумски афирмации. Инаку, збор е за дистопија чие дејство се случува во блиската иднина на 2039 година, во една драстично сменета, општествена, економска и политичка, сосема вируелизирана реалност. На конкурсот одржан во главниот грд на Кина, во категоријата за роман, покрај нашиот автор, иста награда доби и романската писателка Мариана Кунбар Селма.
Станува збор за голем меѓународен и мултидисциплинарен уметнички натпревар за национални литературни творби од сите жанрови, како и за калиграфија, сликарство и фотографија. Организатори на големиот меѓународен културен настан се повеќе институции и креативни групи.