Фото: ЕПА

ФОРМУЛА 1

Формула 1 викендов е на Флорида (САД), за шестата трка сезонава и за уште еден спринтерски викенд, за време на големата награда на Мајами. Актуелниот првак и лидер сезонава Макс Ферстапен победи на првиот спринт сезонава, во Кина.
Ова ќе биде трето издание на трката во Мајами (првото беше во 2022 година), ќе се возат 57 круга, во вкупна должина од 308,326 километри. Денеска од 22.30 часот се квалификациите за спринтот, кој е на програмата утре, од 18 часот, четири часа подоцна почнуваат квалификациите за главната трка, која е в недела од 22 часот.
По пет трки сезонава, прв на табелата е Ферстапен со 110 бода (четири победи), 85 има Серхио Перез (една победа), 76 освои Шарл Леклер, 69 има Карлос Саинс… Н.М.