Кинеските студенти што ќе користат вештачка интелигенција за да ги напишат своите дипломски дисертации нема да можат да се стекнат со дипломи - Фото: ЕПА

Вештачката интелегенција (ВИ) треба да се управува во вистинска насока

Според нацрт-законот, академските дипломи на студентите ќе им бидат
одземени доколку се утврди дека имаат плагијати или фалсификувани податоци во нивната дипломска дисертација или користеле вештачка интелигенција за да ја напишат, истакнува Зоу Шуо за „Чајна дејли“

Кинеските студенти што ќе користат вештачка интелигенција за да ги напишат своите дипломски дисертации нема да можат да се стекнат со дипломи за високо образование, се наведува во нацрт-законот што беше претставен неодамна пред кинеската јавност. За предлог-законот за академски студии првпат се расправаше на седница на Постојаниот комитет на Националниот конгрес. Нацртот обично станува закон откако ќе биде разгледан трипати.

Академските дипломи на студентите ќе им бидат одземени доколку се утврди дека имаат плагијати или фалсификувани податоци во нивната дипломска дисертација или користеле вештачка интелигенција за да ја напишат, се наведува во нацрт-законот. Оние што ги крадат идентитетите на другите за да присуствуваат на универзитетот или користат нелегални средства за да добијат писма за прием и сертификати за дипломирање исто така нема да добијат академски дипломи, се наведува во нацрт-законот. Кривично ќе одговараат и лицата што ќе извршат кражба на идентитет за да посетуваат високообразовни институции, се додава таму.