ТЕНИС

Елена Рибакина (Казахстан) се пласира во третото коло на тенискиот турнир во Токио и првпат обезбеди пласман на првото место на крајот на годината на ВТА-листата, повеќе од една недела пред завршното ВТА​-финале, пишува агенцијата „Ројтерс“.
Рибакина, која првпат се искачи на првото место во светот на патот до освојувањето на гранслем-турнирот САД опен во септември, имаше потреба од само уште една победа годинава за да се осигура дека втората светска тенисерка Арина Сабаленка не може да ја престигне на ВТА-листата.
Рибакина годинава победи и на Австралија опен и сега има вкупно три гранслем-трофеи, откако го освои пехарот и на Вимблдон пред четири години. Таа на турнирот во Токио се стреми кон 16. титула во кариерата, пред да се упати кон Индијан Велс (САД), за финалето на ВТА, каде што осумте најдобри тенисерки во сезоната ќе се натпреваруваат од 8 до 15 ноември, пишува „Ројтерс“. Н.М.