Генералот на Иранската револуционерна гарда назначен за привремен министер за одбрана на Иран
Генералот на Иранската револуционерна гарда, Маџид Ебнелреза е назначен за привремен министер за одбрана на Иран од страна на претседателот Масуд Пезешкијан, откако неговиот претходник беше убиен во американски и израелски напади, пренесува МИА.
- Со одлука на претседателот Масуд Пезешкијан, генералот на Револуционерната гарда, Маџид Ебнелреза е назначен за привремен министер за одбрана - изјави портпаролот на претседателот во...
Руското Министерство за надворешни работи ги обвини САД и Израел дека се обидуваат да го сменат режимот во Иран
Руското Министерство за надворешни работи ги обвини САД и Израел дека се обидуваат да го сменат режимот во Иран и да го спречат нормализирањето на односите меѓу Техеран и арапските земји во регионот, пренесува МИА.
Во официјално соопштение, министерството наведува дека според Москва, сега е јасно дека Вашингтон и Тел Авив не само што се стремат кон смена на режимот...
МНР апелира да се избегнуваат патувања на Блискиот Исток, се разгледуваат сценарија за евакуација
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на Блискиот Исток, оценувајќи дека тие имаат директно влијание врз регионалната и меѓународната стабилност.
Од Министерството посочуваат дека постојат обиди на Иран да таргетира повеќе држави во регионот, меѓу кои Израел, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Кувајт, Бахреин, Саудиска Арабија, Либан и Ирак, како...
ОЈО Куманово отвори предмет против двајца лекари и медицинска сестра за смртта на Ведат Адеми
Основното јавно обвинителство Куманово ја заврши предистражната постапка за случајот со смртта на 32- годишниот кумановец Ведат Адеми во кумановската болница. Обвинителката Теута Бедиу Рамадани, денеска информираше дека направено е дополнително вештачење во судска медицина, формиран е предмет против двајца лекари и медицинска сестра.
- За тој предмет завршена е предистражната постапка, направено е и дополнително вештачење во судска медицина,...
Царинската управа наплати 10,8 милијарди денари во февруари, раст од 7,7 проценти на приходите
Царинската управа во февруари наплатила вкупно 10,8 милијарди денари, што претставува зголемување од 778,3 милиони денари или 7,7 проценти во однос на истиот период претходно, информираше управата на социјалните мрежи.
Според податоците, раст е забележан по сите основи на наплата. Приходите од царина се зголемени за 8,9 проценти, од акциза за 8 проценти, а од данокот на додадена вредност при...
Црвениот крст исплати над 11,2 милиони денари на 18 настрадани од пожарот во Кочани
Црвениот крст на Македонија на 27 февруари 2026 година ја изврши последната исплата од собраните средства за настраданите од пожарот во Кочани. Средствата се распределени на 18 лица, поделени во две категории, во вкупен износ од 11.200.000 денари.
Исплатата, како што информираат, е реализирана врз основа на доставен список на повредени лица, изготвен по втората евалуација на нивната здравствена состојба...
Фото: ЗНМ и УНДП доделија награди за најдобри стории за загадувањето на воздухот
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) со финансиска поддршка од Шведска, денеска ги додели наградите за најдобри новинарски стории за 2025 година на тема: „Справување со загадувањето на воздухот - јакнење на јавната свест за проблемите и можните решенија“.
Прва награда му се додели на Михаил Милошевски за сторијата „Уште...
Можна евакуација на македонски граѓани од ОАЕ преку Саудиска Арабија, амбасадата во Абу Даби со апел за пријавување
Амбасадата на Македонија во Абу Даби, во координација со властите во Обединетите Арапски Емирати и Кралството Саудиска Арабија, ја разгледува можноста за репатријација и евакуација на македонските граѓани кои се затекнати во Обединетите Арапски Емирати.
Според информациите објавени на Фејсбук страната на Амбасадата, евакуацијата би се реализирала по копнен пат, со автобуси од Обединетите Арапски Емирати до Кралството Саудиска Арабија,...
Грчката влада негира дека е планирана посета на Мицотакис на Скопје
Портпаролот на грчката влада, Павлос Маринакис, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на денешниот редовен брифинг со новинарите, не ги потврди информациите на грчкиот весник „Катимерини“ дека во кабинетот на Мицотакис „постои едно интересно размислување премиерот во следниот период да го посети Скопје“ по повод договорот за одново активирање на продуктоводот Солун - Скопје.
- Не знам...
Истрагата против 25-годишникот од Старо Нагоричане проширена за уште едно убиство, најавена нова ексхумација
Истрагата против дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек се проширува за уште едно убиство, изјави обвинителот Љубомир Лапе, пренесува МИА.
-Се спроведува истражна постапка против истото лице, со што фактички се проширува истрагата за уште едно кривично дело – убиство. Согласно Кривичниот законик, тоа...







































