Евакуација преку Оман како алтернатива за македонските државјани
Се разгледуваат опции за репатријација и евакуација на македонските државјани кои се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати, вклучително и можноста за излез преку копнената граница со Оман, информира амбасадата на Република Македонија во Абу Даби.
Во објавата се наведува дека мал број летови успеале да се реализираат од аеродромите во Абу Даби и Дубаи, кои претходно биле цел на напади од Иран....
Стружани бараат воведување кризна состојба во општината поради сè уште нерешениот проблем со пивката вода
Повик до Владата за итна интервенција и централизирана координација
Иницијаторите на повикот за воведување вонредна состојба во Струга нагласуваат дека „прогласувањето кризна состојба не треба да се толкува како политички чин, туку како законски механизам што се активира кога се загрозени здравјето на луѓето и животната средина, а редовните институционални механизми не се доволни"
Група граѓани од Струга јавно...
Путин предупредува на ширење на конфликтот на Блискиот Исток
Рускиот претседател Владимир Путин остварил телефонски разговори со неколку влијателни лидери од Персискиот Залив, предупредувајќи дека нападите на САД и Израел врз Иран може да доведат до поширока регионална ескалација, објави „Си-ен-ен“.
По разговорот со престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, од Кремљ соопштија дека двете страни изразиле сериозна загриженост поради ризикот од проширување на конфликтот, кој веќе ги...
Саудиска Арабија ја подигна борбената готовност по нападите
Саудиска Арабија ја зголеми борбената готовност на највисоко ниво по серијата напади поврзани со Иран, додека Ријад предупреди дека ќе одговори доколку биде извршен координиран удар врз нејзината нафтена инфраструктура, пренесе МИА.
Ескалацијата доаѓа по нападот врз рафинеријата Рас Танура, со која управува државниот енергетски гигант Сауди Арамко (Saudi Aramco).
Од Министерство за енергетика на Саудиска Арабија информираа дека објектот бил...
Родилка почина по неколкудневна борба на интензивна нега, соопштија од Клиниката за гинекологија
Триесет и четиригодишна родилка почина на 1 март на Клиника за гинекологија и акушерство, неколку дена по породување со царски рез, информираат од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Пациентката била примена во 38. гестациска недела и се работело за петта по ред бременост со висок ризик. Породувањето било извршено на 27 февруари со царски рез, со оглед дека претходно имала...
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје
Поради најавената посета на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, утре во централното подрачје на Скопје ќе биде водеден посебен режим на сообраќај.
Од СВР Скопје информираат дека ќе бидат преземени мерки за регулирање на движењето и упатуваат апел до граѓаните да ги следат упатствата на полициските службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Мајка и дете загинаа по пад од балкон во Скопје
Мајка и дете го загубиле животот попладнево во скопската населба Тафталиџе, откако паднале од балкон на станбена зграда.
Според првичните информации, телата биле пронајдени кај станбен комплекс лоциран меѓу улицата „Прашка“ и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, нешто по 14 часот. Настанот бил пријавен во Министерство за внатрешни работи во 14.15 часот.
На терен излегле полициски службеници и јавен обвинител од Основно...
Трамп не исклучува испраќање на копнени трупи во Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонско интервју за „Си-ен-ен“ изјави дека САД имаат силна предност во актуелниот конфликт со Иран, но предупреди дека „главниот удар“ допрва претстои.
Во разговор за „Њујорк пост“, тој не ја исклучи можноста од распоредување американски копнени сили на иранска територија, нагласувајќи дека таков чекор би бил преземен само доколку се процени како неопходен.
- Не велам дека...
Жените ја градат инфраструктурата на иднината, порача Силјановска-Давкова
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова се обрати на отворањето на 24-часовната виртуелна конференција организирана од Women in Tech, посветена на унапредување на инклузијата, разновидноста и еднаквоста на жените во STEM-областите.
Во своето излагање таа истакна дека жените денес не се маргинален дел од технолошките процеси, туку нивни двигатели и креаторки. Како што нагласи, тие се истражувачки умови, претприемачки, инженерки, програмерки и визионерки...
„Безбеден град“ регистрирал над 19 илјади сообраќајни прекршоци во февруари, 18.172 за брзо возење
Во текот на февруари годинава преку системот „Безбеден град“ се регистрирани вкупно 19.066 сообраќајни прекршоци на подрачјата на градовите и коридорите каде што се поставени камери.
Од вкупниот број, како што информираат од МВР, најголемиот дел – 18.172 прекршоци се однесуваат на управување возило со брзина поголема од дозволената. Дополнително, евидентирани се 220 прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено...







































