Времето денеска промеливо со температури до 17 степени

Утринава во земјава се измерени температури меѓу 0 и 7 степени Целзиусови, соопшти Управа за хидрометеоролошки работи. Најниската температура од 0 степени е измерена во Берово, 1 степен во Лазарополе и на Попова Шапка, 3 степени во Струмица, а 4 степени во Крива Паланка, Охрид, Битола, Демир Капија и Маврови Анови. Температура од 5 степени е измерена во Тетово, Прилеп, Крушево,...

Балканот на прагот на глобални бранови: Македонија, НАТО и предизвиците од Блискиот Исток

Додека глобалните тензии се креваат од Персискиот Залив до Левантот, Балканот останува на периферијата, но не и без ризици. За Македонија, членка на НАТО и сосед на Косово каде што е стационирана американската база „Бондстил“ и каде што е сместен оперативниот штаб на Косовските сили (КФОР) во југоисточно Косово, секој шок на Блискиот Исток може да се почувствува низ...

Европскиот врв со поддршка за Шпанија по трговските закани од Трамп

Заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги прекине трговските односи со Шпанија претставува „закана за Европа“ - изјави потпретседателот на Европска комисија задолжен за просперитет и индустриска стратегија, Стефан Сежурне, пренесе „Гардијан“. Во изјава за Фајненшл тајмс, Сежурне нагласи дека притисокот врз една европска земја претставува закана за целата Европска Унија. Тој потсети дека слично европско единство било...

Формирано Здружението на Хрватите во Скопје

Во Скопје вчера беше одржана основачкото собрание на Здружението на Хрватите во Скопје, со што и официјално беше формирано ова здружение. На настанот, кој се одржа во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар, во свечениот дел се обратија амбасадорката на Хрватска во Македонија, Нивес Тигањ, пратеникот во Владата на Хрватска Јосип Туниќ, како и Марина Малиш Саздовска, претседателка на Иницијативниот одбор...

ЕУ не очекува миграциски бран по ескалацијата во Иран

Magnus Brunner
Засега не се очекува ескалацијата на конфликтот во Иран да предизвика масовен миграциски бран кон Европа, соопшти Европска комисија. Еврокомесарот за миграција, Магнус Брунер, по разговорите со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека Турција ги затворила своите граници кон Иран. Брунер и претходно посочи дека засега нема значајни движења на луѓе на надворешните граници на Иран. Сепак, нагласи...

Сенатот ја блокира резолуцијата за воените овластувања на Трамп

Двопартиската резолуција, насочена кон ограничување на способноста на претседателот Доналд Трамп да води војна во Иран, не успеа во американскиот Сенат, бидејќи нападите продолжуваат, пренесе „Би-би-си“ Мерката за воени овластувања беше отфрлена со 53-47 гласа, главно по партиски линии. Таа ќе ја запреше воената акција на САД во Иран без одобрение од Конгресот. Демократите тврдат дека Трамп го тргнал Конгресот настрана...

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Со сослушување на сведоци предложени од Јавно обвинителство, денеска во судницата во Идризово продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, пренесе МИА. На претходното рочиште сведочеа членови на бендот ДНК и преживеани посетители на клубот, кои ги раскажаа настаните од ноќта на 16 март минатата година, кога во пожарот животот го загубија 63 лица, а повеќе од...

Рубио и вети целосна поддршка на Турција по нападите од Иран

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денеска разговараше со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и вети целосна поддршка од Вашингтон по ракетните напади на Иран, соопшти Стејт департментот, пренесува МИА. Разговорите се одржаа еден ден откако членовите на американскиот Сенат и Претставничкиот дом добија доверливи брифинзи за ситуацијата во Иран. Според соопштението на Стејт департментот, американскиот државен секретар му...

Путин: Русија би можела веднаш да престане да ги снабдува европските пазари со гас

Рускиот претседател Владимир Путин денеска посочи дека Русија би можела веднаш да престане да ги снабдува европските пазари со гас и да се сврти кон поперспективни пазари. Европската комисија ќе поднесе законски предлог на 15 април за трајна забрана за увоз на руска нафта, три дена по парламентарните избори во Унгарија, изјавија претставници на ЕУ во документ. - А сега се...

Иран остана без електрична енергија, причините не се познати

Ирачкото министерство за енергетика објави дека целата земја моментално е погодена од целосен прекин на електричната енергија, без да ја наведе причината. - Електричната мрежа е целосно исклучена во сите ирачки провинции“ - соопшти министерството, според ирачките медиуми. Додаде дека се утврдува причината за прекинот на електричната енергија и дека е започната реставрацијата на електраните и далноводите, пренесува МИА. Делови од земјата...