Родителите на загинатите во „Пулс“, разочарани од комеморацијата во Собранието

Родителите на загинатите во трагедијата во Кочани денеска по комеморацијата во Собранието изразија разочарување од институциите кои, како што велат тие, не ги спомнале со име нивните деца кои загинаа, пренесува МИА. - Денеска сме собрани овде, повикани од Владата за комеморација на нашите деца после една година од трагедијата. Очекувавме и се надевавме дека кога ќе дојдеме овде ќе...

На Светскиот ден на бубрегот најавени новини за пациентите со бубрежни заболувања

По повод Светскиот ден на бубрегот, Фондот за здравствено осигурување на Македонија учествуваше на настан организиран од Здружението на пациенти со бубрежни заболувања „Нефрон“, на кој беа претставени активности за подобрување на здравствената заштита и квалитетот на живот на пациентите со бубрежни заболувања. Од Фондот информираа дека се работи на неколку значајни чекори насочени кон подобра поддршка за пациентите, меѓу...

Жичницата до Милениумскиот крст привремено надвор од функција

Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје информира дека жичницата „Милениумски крст“ привремено нема да биде во функција поради изведување на технички активности. Од ЈСП соопштија дека услугата ќе биде повторно воспоставена веднаш штом се создадат услови за безбедно и непречено работење. – Веднаш штом се создадат соодветни услови за повторно работење, жичницата ќе продолжи со превезување на патниците во вообичаеното работно време...

ДЗС не е надлежна за контроли на угостителски објекти, вели адвокатот Давидовиќ

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, бранител на обвинетиот поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски, ви случајот „Пулс“ изјави дека институцијата не е надлежна за контроли на угостителски објекти, туку има сосема друга функција, пренесува МИА. -Согласно законот, треба да се сфати дека Дирекцијата за заштита и спасување не е инспекциски орган кој прави контроли на кафулиња, кафани...

Прилеп со нови возила за транспорт на отпад

Општина Прилеп го доби првото од вкупно девет специјализирани комунални возила за собирање и транспорт на отпад. Возилото, со капацитет од 8 кубни метри, е обезбедено од Министерството за животна средина и просторно планирање во рамки на Регионалната програма за управување со цврст отпад. Во наредниот период ќе бидат испорачани уште пет возила со капацитет од 12 кубни метри, едно...

Газели Волеј последен патник за финалниот турнир од Купот на ОФМ

Годинешната завршница од Купот на ОФМ во женска конкуренција ќе ја сочинуваат бранителот на титулата Наковски Волеј и тројца дебитанти – Вардар ЕМ, Младост УГД и Газели Волеј. Новајлијата и во прволигашкото друштво Газели Волеј беше последниот тим кој го потврди своето место на финалниот турнир од Купот, откако во последниот четвртфинален дуел пред својата публика во Скопје со 3:0...

Алиу: Насилството врз здравствен работник е кривично дело – веднаш да се пријавува

Министерот за здравство Азир Алиу и претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова, денеска се обратија на прес-конференција по повод одбележувањето на Европскиот ден за подигнување на свесноста против насилството врз здравствените работници. Министерот Алиу истакна дека за функционирањето на здравствениот систем е од суштинско значење здравствените работници да се чувствуваат безбедно на своето работно место. – За здравствениот систем клучно...

Тригодишно дете од Штип завршило во болница откако се затруло со лекови

Тригодишно дете од Штип вчера е хоспитализирано во Клиничка болница-Штип на одделот за Педијатрија, а по извршените испитувања е констатирано дека има присуство на „бензодиезепами“, соопштија денеска од СВР-Штип. Во пишаното соопштение се наведува дека вчера  во 18.18 часот во СВР-Штип е пријавено дека на Детското одделение при Клиничка болница Штип во 11.47 часот на детското одделение дошла 24 годишната...

Трамп бара нов правен основ за воведување казнени царини

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп започна серија истраги против клучните економски партнери за да пронајде нов правен основ за воведувањето на казнените царини, откако Врховниот суд на САД претходно го прогласи повикувањето на економска вонредна состојба од страна на Трамп за нелегално. Покрај Европската Унија, истрагата ќе ги вклучи Швајцарија, Норвешка, Кина, Јапонија, Мексико, Тајван, Индија и други земји...

Гаши на комеморативната седница: Трагедијата во Кочани ни одзеде дел од иднината, правдата мора да ја утврди вистината

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на комеморативната седница по повод годишнината од трагедијата во Кочани порача дека државата не смее да дозволи вакви настани повторно да се случат и дека институциите мора професионално и транспарентно да ја утврдат одговорноста. Во обраќањето пред пратениците, претставниците на институциите, дипломатскиот кор и семејствата на жртвите, Гаши истакна дека ноќта на 16 март минатата...