Иран го држи клучот за повторно отворање на глобалните енергетски пазари?!
НЕКОЛКУ СЦЕНАРИЈА ЗА СНАБДУВАЊЕТО СО ЕНЕРГЕНТИ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ВОЕНИОТ КОНФЛИКТ НА БЛИСКИОТ ИСТОК
Постои зголемено убедување во и надвор од Блискиот Исток дека иако САД и Израел би можеле да ја прогласат војната за завршена во секое време, Иран ќе го има последниот збор за времетраењето на она што Меѓународната агенција за енергетика го опиша како „најтежок прекин...
Двајца кандидати за претседател на РКЕ, Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ќе ги разгледува пријавите
Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе ги разгледува двете пристигнати пријави по јавниот оглас за избор на претседател на Регулаторна комисија за енергетика.
Според информациите што вчера ги објави МИА, на огласот се пријавиле Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш, и Шамил Реџепи, кој е вработен во Регулаторната комисија за енергетика.
Јавниот оглас беше распишан по оставката на...
Евростат: 71,9 проценти од граѓаните во ЕУ користат е-услуги на јавните институции, во Македонија 32,32 проценти
Во 2025 година, 71,9 проценти од луѓето во Европската Унија на возраст од 16 до 74 години користеле веб-страници или апликации на јавни институции, што претставува зголемување од 1,9 процентни поени во однос на 2024 година, покажуваат податоците на Евростат.
Во Македонија, 32,32 проценти од граѓаните користеле услуги на е-влада. Најчесто користени услуги биле преземање или печатење официјални обрасци (17,11...
Ракети и најмалку пет беспилотни летала денеска биле лансирани врз американската Амбасада во Багдад
Ракети и најмалку пет беспилотни летала денеска биле лансирани врз американската Амбасада во Багдад од областите околу градот, соопштија ирачки безбедносни извори, опишувајќи го нападот како најинтензивен од почетокот на американско-израелската војна со Иран, пренесува МИА.
Британските медиуми објавија дека неименувано лице видело најмалку три беспилотни летала како се движат кон амбасадата и дека системот за воздушна одбрана C-RAM соборил...
Со сослушување сведоци предложени од ЈО, денеска треба да продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
На претходното рочиште пред Судот беа сослушани двајца сведоци. Сведокот Трајче Димишковски, кој од 2023 до август 2025 година бил дел од агенцијата за обезбедување „Рубикон“ во...
Муцунски се заблагодари за меѓународната помош за лекување на пациентите по пожарот во Кочани
По трагедијата во Кочани, поддршката од странските држави претставува силна потврда дека Македонија има пријатели ширум светот кои ја разбираат болката на граѓаните и сочувствуваат со трагедијата, напиша на социјалните мрежи министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Тој упати искрена благодарност до сите земји што обезбедиле несебична поддршка, како за лекувањето на македонските пациенти во странство, така...
Пожарот на депонијата кај Алинци ставен под контрола
Пожарот што попладнево избувна на градската депонија кај Алинци во прилепско е ставен под контрола, информираа од Општина Прилеп.
Веднаш по пријавата, на терен интервенирале екипи на Територијална противпожарна единица Прилеп, Дирекција за заштита и спасување, како и екипи од ЈКП Комуналец Прилеп и Водовод и канализација Прилеп. Во гаснењето на пожарот биле вклучени и механизација, работна сила и општествено...
Во следните денови заладување, дожд и снег на повисоките места
Во следните неколку дена времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На одделни места врнежите ќе бидат пообилни, а поради продор на постудена воздушна маса на планините и на некои повисоки места ќе има услови дождот повремено да преминува во снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според информациите од УХМР, утре времето ќе биде...
Без нафта преку „Дружба“ нема санкции за Русија и помош за Украина, се закани Сијарто
Унгарија ќе продолжи да го блокира заемот од 90 милијарди евра за Украина и новите санкции кон Русија сè додека протокот на нафта преку нафтоводот „Дружба“ останува суспендиран, изјави денеска во Брисел министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, пренесе „Ројтерс“.
Протокот на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“ до Унгарија и Словачка е суспендиран од крајот на јануари. Киев...
Една година без нашите ангели – трагедијата во Кочани сè уште боли, изјави Ѓорѓиевски
Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска упати искрено сочувство до семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани, истакнувајќи дека и по една година, тешко е да се поверува дека се случила ваква трагедија.
-Некои празнини времето никогаш не успева да ги пополни. Некои рани, колку и да минуваат денови, месеци или години, засекогаш остануваат во срцето на еден народ. Една...






































