Поддршка на ракометните тренери за спортот бр. 1 во Македонија
Агенцијата за млади и спорт (АМС) во своите програми за поддршка, развој и втемелување на системскиот пристап за развиток на професионалниот спорт во Македонија, согледувајќи ја есенцијалната потреба од квалитетна тренерска база, веќе извесно време, во соработка со Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и Здружението на ракометните тренери на Македонија (ЗРТМ), работи на етаблирање и развивање на проектот за...
Јазикот е од суштинско значење за националниот идентитет
Националните и цивилизациските аргументи во делото на св. Кирил и Методиј
Многу е важно делото на светите Кирил и Методиј во зачувувањето и докажувањето на автентичноста на македонскиот јазик. А јазикот отсекогаш, впрочем и во сегашниот миг, бил од суштинско значење за националниот идентитет
Денот на свети Кирил и Методиј првпат бил одбележан во Македонија во 1860 година, во црквата „Св....
Незаситните апетити за голтање на македонскиот идентитет
Академик Катица Ќулавкова во остра писмена реакција во однос на последните настани и спорот со Грција вели дека име на држава не се менува ако државата е веќе формирана и стабилна, туку се менува кога се трансформира во некоја друга држава со друг идентитет, режимски, структурен или конституционален. Правото на самоопределување е суверено и никој не смее ни да...
Честитка од премиерот Заев по повод Денот на Власите
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, на сите припадници на влашката заедница во Република Македонија им го честита Националниот ден на Власите, 23 мај.
Во честитката премиерот Заев истакнува дека Влашкиот народ како посебна етничка, јазична и културна заедница, има особено значење и место во заедништвото на народите на Република Македонија.
- Придонесот на Власите во историјата, во општествениот...
Тринаесет лица обвинети за убиството во Мала Речица
Основното јавно обвинителство Тетово поднесе обвинение против 13 лица за учество во вооружениот инцидент во Мала Речица, што се случи на 5 април годинава, во кој едно лице го загуби животот, а неколкумина беа повредени.
- Против четири лица е поднесен обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор, со кој едно лице се товари за кривични дела „убиство“...
Генерал-мајор Багери: Иран нема да бара дозвола од никого за да развива оружје
Началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили генерал-мајор Мохамад Багери денеска ги отфрли повиците на Вашингтон кон Техеран да го намали влијанието на Блискиот исток.
Генерал-мајорот рече дека Иран нема да бара дозвола од која било земја за да ги развива своите одбранбени способности.
- Иранските вооружени сили сега, благодарение на Бог, се подобро подготвени од кога и да било претходно и нема...
Коѕијас: САД многу се интересираат за решение околу спорот со името
Американската администрација не врши притисок, туку се интересира за решение кон кое водат преговорите за името и кои се потешките точки, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕјас на брифинг со грчките дописници во САД.
Министерот за надворешни работи на Грција, вчера се сретна со советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џон Болтон, а состанокот траел двојно повеќе од...
Италија ќе добие премиер технократ
Џузепе Конте, професор по приватно право на Универзитетот во Фиренца, речиси целосно непознат за повеќето Италијанци и за голем дел од академските кругови, ќе има мисија да ги исполни 38-те точки од владиниот договор склучен од двете антисистемски политички сили во Италија, пишува „Паис“.
Европските медиуми наведуваат дека италијанското антисистемско движење Пет ѕвезди и крајнодесничарската Лига долго време гледаа со...
Косово ќе аплицира за членство во Интерпол
Зачленувањето на Косово во Интерпол претеставува еден од приоритетите на актуелната косовска Влада и за таа цел се мобилизираат министерствата за изготвување стратегија за лобирање, јави дописникот на МИА од Приштина.
Заменикот-министер за внатрешни работи Изми Зека, во интервју за „Епока е ре“, изјави дека Косово веќе е дел од агендата за гласање на идната сесија на Собранието на Интерпол,...
Семејна драма- го тужат синот оти не сакал да се отсели од нивниот дом
Родителите на 30-годишниот Американец Мајкл Ротондо го тужеле нивниот син оти не сакал да се пресели од куќата и да живее сам, пишува Си-Ен-Ен.
Судските документи покажуваат дека тој не плаќа станарина и не помага во домашните работи, а ја одбил и понудата на неговите родители да му ја платат преселбата.
Кристина и Марк Ротондо тврдат дека Мајкл и по пет писма во...






































