Почнува 17. ОФФест

Шестчлениот бенд „Јупитер и Оквес“ од Конго вечер ќе го отворат 17. „ОФФест“. До 5 јуни фестивалот ќе има пет концертни вечери со вкупно десет изведувачи. „Јупитер и Оквес“ е предводена од вокалот Јупитер Боконџи и вторпат се гости на фестивалот. Негува доминантен румба-стил, но истовремено и повеќе други ритми и стилови. Поврзувајќи ги музичките традиции на Конго и...

Адмирал Хари Харис: Северна Кореја е најдиректна закана за САД

Командантот на пацифичките сили на САД, кој ја напушта функцијата, адмирал Хари Харис изјави дека Северна Кореја е најдиректна закана за САД. – Севрна Кореја и понатаму е нашата најнепосредна закана. Северна Кореја со нуклеарни ракети кои може да допрат до САД е неприфатлива- изјави Харис при смена во командата. Адмиралот додаде дека Кина, без активно учество на САД и сојузниците,...

„Аида“ од Џузепе Верди за крај на 46. Мајски оперски вечери

Со операта „Аида“ на Џузепе Верди вечер ќе завршат 46. Мајски оперски вечери. Во насловната улога на операта, со која традиционално се затвора фестивалот, годинава ќе настапи сопранистката Ана Лукреција Гарсија од Венецуела. Режисер е Дејан Прошев, кореограф Снежана Филиповска, а диригент Бисера Чадловска. Во приказната за љубовниот триаголник меѓу робинката Аида, командирот на војската Радамес и принцезата...

Лавров: Денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров ќе оди во фази

Решавањето на прашањето за нуклеарната програма на Корејскиот полуостров не може да биде целосно ако не се укинат санкциите кон Пјонгјанг, истакна денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој престојува во работна посета на Пјонгјанг. Лавров рече дека преговарачите треба да пронајдат решение за денуклеаризација и смета дека тоа не може да биде направено во еден чекор. - Невозможно...

Продолжува периодот на сончево и топло време

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните и јужните делови со краткотраен локален дожд и грмежи. Дневните температури ќе се движат во интервал од 22 до 32 степена. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 7.

Усеин Болт во нов клуб, овојпат во Норвешка

Легендарниот атлетичар од Јамајка, Усеин Болт не се откажува од фудбалската кариера и сега тренира со норвешкиот прволигаш Стремсгодсет. Најбрзиот човек на светот прво тренираше во дресот на јужноафриканскиот клуб Мелоди Сандоунс, потоа во март проба и со фудбалерите на Борусија од Дортмунт, а последните денови на мај тренира во Норвешка. Јамајканскиот атлетичар со Стремсгодсет ќе игра против репрезентацијата на Норвешка...

Шведска ја совлада Македонија, Бајрамоска ја заврши кариерата

Женската ракометна репрезентација на Македонија беше совладана од Шведска со 20:32 во претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство (ЕП) во Франција. Македонските ракометарки го доживеаја третиот пораз во квалификациите и ги загубија шансите за пласман на ЕП. Македонија не го искористи домашниот терен во „Кале“ и вторпат претрпува пораз од фаворитот Шведска. Швеѓанките во текот на целиот натпревар имаа контрола на...

ЕУ изрази олеснување откако се покажа дека Бабченко е жив

ЕУ изрази олеснување, откако се покажа дека рускиот новинар Аркадиј Бабченко, кој живее во егзил во Украина и за кој вчера беше објавено дека е убиен, е жив. ЕУ вчера го осуди убиството на Бабченко кога исфабрикуваната вест беше соопштена од страна на властите во Киев.  Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани и Маја Коцијанчич, портпаролката на високата претставничка на ЕУ за...

Инцидент во воз во Германија

Германската полиција застрела маж кој повредли две лица со нож во воз во северна Германија, јави ДПА. Инцидентот се случил во воз кој сообраќал Хамбург - Фленсбург. Еден од повредените е полицаец. Двајца полицајци реагирале откако напаѓачот избодел едно лице. При обидот да биде совладан, напаѓачот избодел еден од полицајците.  

Автомобил излета од патот кај Плетвар, повредени две лица

На патот Градско – Прилеп во близина на Плетвар околу 18 часот од засега непознати причини патничко возило „пежо“ излетало од патот и се превртило. Во него биле двајца патници од Штип кои се здобиле со полесни повреди, информира Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола. Увид на местото на сообраќајката направила прилепската полиција. Сообраќајот се одвива нормално.