ИД презеде одговорност за нападот во Лиеж

Терористичката група Исламска Држава (ИД) презеде одговорност за нападот во Лиеж, што се случи вчера и во кој четири лица беа убиени, меѓу кои и напаѓачот Бенжамин Херман. ИД ова го соопштија преку нивното џихадистичко пропагандно гласило “Амак“. - Напаѓачот во Лиеж е војник на Исламската Држава“ се наведува во соопштението на ИД- јавија белгиските медиуми.  

Исчезната боа пронајдена под мијалник

Боа долга речиси два метра, чие исчезнување предизвика паника во градот Бингамтон во сојузната држава Њујорк, беше пронајдена во кујната на нејзиниот сопственик, скриена под мијалникот. Во почетокот на седмицата сопственикот на змијата ги предупреди граѓаните на округот Брум дека неговата боа по име Бела побегнала од терариумоти и дека последен пат била видена во непосредна близина на средното училиште. Заради...

Репортери без граници го осуди украинското „играње со вистината“

Генералниот секретар на невладината организација Репортери без граници, Кристоф Долоар денеска го осуди лажирањето на убиството на рускиот новинар Аркадиј Бабченко од страна на украинската служба за безбедност. - Појавувањето на Бабченко е големо олеснување, но е патетично и е за жалење што украинските служби си играле со вистината, независно поради кои причини - истакна Долоар. И портпаролката на руското Министерство за одбрана,...

ПСЖ му нуди на Роналдо 45 милиони евра годишно

Пари Сен Жермен не се откажува од намерата да го ангажира Кристијано Роналдо, а за неговата плата е подготвен да издвои по 45 милиони евра годишно. Парискиот клуб сака да го искористи незадоволството на Роналдо во Реал од Мадрид и да го привлече со примања исти како на Лионел Меси во Барселона. Досега ѕвездата на Реал заработуваше по 21 милион...

Захарова: Украина го искористи новинарот за пропаганда

Среќни сме што рускиот новинар Аркадиј Бабченко е жив, но неговата приказна Украина ја искористи за пропаганда, изјави денеска портпаролката на руското министерство за одбрана, Марија Захарова. Рускиот новинар Бабченко, за кого се тврдеше дека синоќа бил убиен во Киев, денеска се појави жив и здрав на конференција за новинари во Украина. Шефот на украинската безбедносна служба Василиј Васил Хритсак рече дека...

Евакуирани 2.000 лица во Северна Каролина

Од планинското подрачје во американската сојузна држава Северна Каролина, евакуирани се 2.000 лица поради можно пукање на браната на езерото Тахома, предизвикано од силната бура Алберто. Евакуацијата беше објавена во вчера вечерта, бидејќи инженерот, кој бил во инспекција, проценил дека браната би можела да попушти. Браната се наоѓа на 129 километри од градот Шарлот. Обилните дождови предизвикаа поплави во западниот дел на...

Балканските држави и Австрија заедно ќе работат против новиот бран имигранти

Земјите од Југоисточна Европа и Австрија водат консултации за блокирање на новиот прилив на имигранти по „балканската рута“, изјави денеска министерот за внатрешни работи  Херберт Кикел.   Тој по телефонските разговори со неговите колеги од Македонија,  Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Косово, Србија и Словенија, австрискиот министер посочи дека се договориле за  „оперативен и политички план“. Кикел, кој е од редовите на Партијата...

Велешкиот театар освои две награди на фестивал во Русија

Велешкиот театар со комедијата „Вдовицата се мажи“ во режија на Младен Крстевски освои две награди на Интернационалниот театарски фестивал „Руска класика“ кој се одржа во Москва. Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ доби награда за најдобра странска претстава и награда за најдобар ансамбл за  актерите Марина Поп Панкова, Васил Зафирчев и Младен Крстевски.  „Вдовицата се мажи“ е адаптација на едночинката „Мечка“ од Антон П....

Телото на планинарот Петков донесено во Гевгелија

Телото на починатиот доктор Георге Петков по дест дена од неговата смрт на Хималаите, денеска беше донесено во Гевгелија. Петков почина на 20 мај во обид да го искачи највисокиот врв во светот Монт Еверест, како член на меѓународната експедиција „Еверест 2018“. Според информацијата од директорот на Гевгелиската општа болница, доктор Митко Крџев, утре во 12 часот ќе биде одржана комеморативна...

Граничниот премин Табановце надграден и модернизиран

Надградениот и осовремен граничен премин Табановце, денеска свечено беше пуштен во употреба. Градежите активнсти кои се спроведуваа во рамки на проектот финансиран од фондовите на Европската Унија, кофинансиран од Владата на Република Македонија има за цел да ја зголеми пропусната моќ на преминот за стокови пратки, за што се изградени две нови сообраќајни ленти, воведени се ефикасни контроли и...