Европарламентарците против „златните визи“ на милијардерите
Европските парламентарци одржаа дебата за „златните визи“, контроверзни шеми кои постојат во одредени земји членки, каде богати бизнисмени добиваат европско државјанство во замена за значајни инвестиции.
Кипар е најпознатата земја членка на ЕУ по овие шеми, но не е единствена, Малта или Австрија исто така се под сомнеж за вакви активности. „Златните визи“ им овозможуваат на милијардери од трети земји...
Во болница во Косово за 24 часа се родиле 42 бебиња
Клиниката за Гинекологија на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово во текот на вчерашниот ден забележа рекордна бројка на новороденчиња.
Како што соопшти државната болница во Приштина, вчера се породиле 40 мајки. Од нив, две донеле на свет близнаци, така што вкупната бројка на новородени е 42.
Според извештајот, родени се 23 женски и 19 машки деца.
Повторно ќе му се суди на Грујевски за „Тврдина 2“
Судскиот процес против поранешен началник во УБК Горан Грујевски за предметот „Тврдина 2“ ќе биде повторен.
Скопскиот Апелациски суд ја укина пресудата за Грујевски и ја врати на повторно судење затоа што не биле исполнети законските услови за судење во отсуство.
Грујевски беше осуден на казна затвор од година и пол во отсуство за уништувањето на документацијата поврзана со прислушувањето.
Апелација ја потврдила условната казна...
Вселенската патријаршија ја презеде одговорноста за прашањето за МПЦ
Вселенската Патријаршија вчера излезе со официјално соопштение дека Светиот и Свештен Синод го разгледа прашањето со нерешениот канонски статус на Охридската Архиепископија.
Во соопштението се наведува дека Патријаршијата го примила писмото на премиерот Зоран Заев, во кое се бара помош и поддршка решавање на прашањето со МПЦ.
Соопштението завршува со заклучокот дека Светиот и Свештен Синод на Вселенската патријаршија „одлучи да...
Прекината седницата на Советот на општина Гостивар
Петтата седница на Советот на општина Гостивар беше прекината денеска, откако членовите на ДУИ и останатите партии кои го сочинуваат мнозинството ја напуштија салата. Како причина го наведоа вербалниот напад врз членот на советот Адис Исмаили од редовите на ДУИ. Со одлуката да ја напуштат седницата, се солидаризираа и советниците од СДСМ, Народната демократска преродба (НДП) и Демократскиот сили...
Стејт департментот го осуди планот на Сирија да воспостави дипломатски односи со Јужна Осетија и Абхазија
Американскиот Стејт департмент го осуди планот на Сирија да воспостави дипломатски односи со грузиските региони окупирани од Русија, Јужна Осетија и Абхазија.
Сирија вчера ја призна независноста на Јужна Осетија и на Абхазија, соопшти Министерството за надворешни работи на Јужна Осетија.
- Абхазија и Сирија објавија документ за взаемно признавање и воспоставување на дипломатски односи меѓу двете држави на ниво на...
Рекордно ниска стапка на невработеност во Германија
Стапката на невработеност во Германија во мај падна на 5,2 проценти, што е нова рекордно ниска стапка.
Бројот на невработени падна за 11.000, што е 1.000 повеќе од проекциите, на вкупно 2,358 милиони, соопшти Германското биро за труд. Има околу 800.000 отворени работни места во германската економија, главно во секторите градежништво, транспорт и работници во складишта.
Според податоците на ЕУ пушењето убило 273.400 луѓе во 2015 година
Пушењето е главна причина за хронични заболувања и предвремена смрт во ЕУ. Ова се наведува во соопштението издадено од еврокомесарот за здравство на ЕУ, Виталиј Андреукитис.
Податоците за смртност во ЕУ од рак на белите дробови покажуваат дека само во 2015 година довело до смртност на 273.400 луѓе. Тоа е причина за една петтина од сите случаи на смрт од...
Атина врие
Инциденти беа регистрирани за време на генералниот штрајк во Атина, кога членови на организации и здруженија што не се дел од двата најголеми грчки синдиката се обидоа да стигнат до канцелариите на Федерацијата на претпријатија. Објектот беше под силно полициско обезбедување, а групата претежно млади лица ја нападнаа полицијата која одговори со солзавец.
Во знак на протест поради новиот бран...
Без струја утре дел од Карпош
Без струја утре од 9 до 10 часот ќе останат корисниците од дел од улиците „Јан Хус“ и Лесновска, а од 12.30 до 15 часот улицата „Мирче Ацев“ бр.5/3.
Како што соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје прекинот со електрична енергија е поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.







































