„Поефикасно комуницирање со граѓаните преку дигиталните медиуми“
На граѓанските организации им се потребни знаења, вештини и ресурси за да можат стратешки да го планираат комуницирањето не само кон јавноста, туку и кон целните групи - е заклучокот на денешната панел дискусија што ја организираше Институтот за комуникациски студии (ИКС) на тема: „Поефикасно комуницирање со граѓаните преку дигиталните медиуми“.
На настанот се потенцираше неопходноста за добро планирање на...
Рекордна искористеност на ИПА средствата
Минатата година имаме рекордна сума искористени ИПА средства, односно европските фондови кои ни се на располагање - неколкукратно повеќе во споредба со претходните години, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски кој се обрати денеска на пуштањето во употреба на надградениот и осовремен граничен премин Табановце како дел од кампањата „ЕУ за тебе“.
- Во 2017 за проекти од ИПА фодовите...
Иванов се огласи за името
За претседателот Ѓорге Иванов не е прифатливо решение за името ерга омнес, соопштија денеска од кабинетот на претседателот на Република Македонија.
- Ставот на претседателот Иванов е принципиелен, а воедно и конзистентен со ставовите на сите досегашни претседатели на Република Македонија. Тој став е дека претседателот Иванов не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес,...
„Сингапур Ерлајнс“ повторно го воведува најдолгиот лет на светот
Авиокомпанијата „Сингапур Ерлајнс“ соопшти дека од октомври ќе го обнови најдолгиот комерцијален лет во светот што трае речиси 19 часа, на релација Сингапур-Њујорк, при тоа додавајќи дека ќе биде понуден само на патниците во високата класа.
Моменталниот рекорд го држи компанијата „Катар Ервејс“ на летот 921 од Оукланд до Доха, што трае 17 часа и 40 минути.
На рутата од Сингапур...
Со Ајфон ќе може да го отклучите својот дом и автомобил
Епл ќе воведе нова функција што ќе им овозможи на оние што користат Ајфон, да ја отклучуваат вратата од својот дом или автомобил, со помош на телефонот.
Како што пишува порталот „Енгаџет“, тоа ќе биде изводливо благодарение на НФЦ чип (за „комуникација од непосредна близина“) којшто се употребува преку Епл Пеј. Експерименталната фаза на новата намена на НФЦ чипот се очекува...
Животот на Виникунка – „планината-виножито“ во Перу
Секојдневниот живот на планината Виникунка во Перу, позната и како „планината-виножито“, е прикажан на серијалот фотографии.
Специфичниот колорит на планината се должи на разновидните слоеви на минерали кои формираат своевидни ленти во разни бои, што наликуваат на виножито.
Виникунка му припаѓа на планинскиот венец на Андите, во регионот Куско.
Во комбе за транспорт на пецива пронајдени 43 мигранти
Полицијата вчера на автопатот Куманово -Табановце, открила комбе со скопски таблици во кое биле пренесувани 43 мигранти, а на возачот по потекло од радовишко му е одреден 30-дневен притвор.
Како што соопшти МВР, вчера околу 09,20 часот на автопатот во правец од Куманово кон Табановце поточно, кај с.Костурник, од страна на патролна служба од Полициската станица за Граничен надзор Сопот...
Град Скопје основа ново претпријатие за енергетика
Ново акционерско друштво кое ќе се занимава со енергетски дејности беше основано денеска со одлука на Советот на Град Скопје.
Со оваа Одлука Градот Скопје ја утврдува потребата од основање на акционерско друштво за вршење на овие дејности за подрачјето на Град Скопје за снабдување со природен гас и топлинска енергија, како дејности од јавен интерес од локално значење. Одлуката...
Марјан Танушевски добитник на наградата на Битолски весник „Тоде Петрески“
Со пригодна свеченост, во присуство на членовите на најтесното семејство, почитувачи на неговото дело, како и колеги новинари, денеска во просториите на Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола беше врачена наградата за новинарство на Битолски весник „Тоде Петрески” посветена на покојниот новинар и дописник на Радио Скопје од Битола, Тоде Петрески.
Добитник на годинешната награда на Битолски весник „Тоде...
Ветеринарна станица ќе го решава проблемот со кучињата скитници во Кичево
Ветеринарна станица од Куманово, во договор со Општина Кичево, од денес ќе започне да го решава проблемот со кучињата скитници. Одлуката за овој договор помина и на Советот на општината, а за оваа услуга ветеринарната станица ќе наплати 1.600 000 денари.
-Најпрво им се сопштува на сопствениците на кучиња, да си ги приберат своите миленици, за да не се случи...







































