Увезеното месо може да им преседне на домашните фармери
Иницијативата за одвојување на увезеното месо од домашното на полиците во маркетите, според светските корпоративни закони и правила, ги дискриминира увозниците, кои, пак, претставуваат сериозна закана за домашните производители
Увезеното месо да се одвои од домашното во маркетите, да се продава на посебни полици или фрижидери и на декларациите да биде назначено неговото потекло за потрошувачите да имаат увид што...
Рекордно високи мајски температури на северот на Европа
Температурите на северот на Европа во мај го соборија рекордот според висината, а како што оценува американската агенција АП, заради горештините Скандинавците се принудени да се засолнат и освежат во фјордовите и пред официјалниот почеток на летотот на 21 јуни.
На зпадниот брег на Норвешка температурите достигнаа речиси 33 степени, додека во Данска во мај се регистрирани 348 сончеви часови.
Очекувања, резултати, замки, надежи…
Една година подоцна, граѓаните на Република Македонија можат да ги споредат и измерат очекувањата и резултатите од работата на актуелната влада, но и вниманието да го насочат кон стапиците и надежите што претстојат
Колку брзо или полека да минува еден годишен циклус од 365 дена, стана вообичаено по тој временски период да се сумираат и анализираат ефектите од работењето. Што...
Зошто да брзаме кога ЕУ закочува
Длабоките поделби во ЕУ тлеат уште од поодамна, што беше јасно манифестирано и преку брегзит и излегувањето на Британија од Унијата. Деновиве и нашите соседи се соочуваат со длабоки сомневања за перспективите на Унијата, при што конкретно Грција е зафатена со целосна блокада и штрајкови од социоекономски причини. Во вакви околности Македонија нагазува на педалот за гас. Какви предизвици...
Работник тешко повреден на градилиште во Гостивар, цигла му паднала врз глава
Работник од Албанија е повреден во Гостивар вчера попладне, кога во станбена зграда во изградба, при покревање на цигли со електрична дигалка од приземје до четвртиот кат паднала една цигла што го погодила во главата.
Повредениот бил пренесен во Медицински центар Гостивар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите со медицинско возило бил пренесен во...
Италија пред референдум за ЕУ и за еврото?
Политичката криза во Италија, која веќе 12 недели е без влада, се продлабочи откако претседателот стави вето на евроскептичниот кандидат за министер за финансии, кој е голем заговорник за излегување на земјата од еврозоната
Италијанскиот претседател Серџо Матарела и кандидатот за премиер Карло Котарели вчера повторно разговараа, во обид за наоѓање излез од политичкиот ќор-сокак, во кој западна третата по...
Две лица повредени откако мотор излета од патот
Мотоцикл „Сузуки“ управуван од 26 годишниот Т.Ј. од село Оризари вчера вечерта излетал од магистралниот пат Штип – Делчево.
-Возачот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил препратен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, додека неговиот сопатник – З.И. (17) од село Чифлик се здобил со телесни повреди и бил задржан на лекување во...
Изгоре куќа во Ресен
Ресенчанецот В.Т. ноќеска во пожар ја изгубил својата куќа.
Полицијата соопшти дека на 31 мај во 2:00 часот на ул. „Кузман Јосифовски“ во Ресен, од засега непознати причини, настанал пожар во куќата сопственост на В.Т. Во пожарот куќата целосно изгорела.
Во 3:00 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Ресен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Руски новинар и критичар на Путин убиен во Киев
Новинарот Аркадиј Бабченко изминатите години беше остар критичар на политиката на Кремљ за конфликтот во Украина, анексијата на Крим и на руските акции во Сирија
Украинските власти ја обвинија Русија дека стои зад убиството на рускиот новинар Аркадиј Бабченко во Киев. Бабченко (41) беше остар критичар на Кремљ, претседателот Владимир Путин и на руските акции во Украина, Крим и во...







































