Торес ја продолжува кариерата во Јапонија
Шпанскиот фудбалер Фернандо Торес е блиску до одлуката да му се придружи на поранешниот соиграч од репрезентацијата Андрес Иниеста и кариерата да ја продолжи во Јапонија.
Торес го заврши вториот мандат во матичниот клуб Атлетико Мадрид, во кој постигна 120 голови на 347 натпревари.
Напаѓачот е блиску до договор со клубот Саган Тосу.
Анѓушев: Никој не може да каже дали струјата ќе поевтини
Никој со сигурност не може да каже дали цената на електричната енергија во иднина ќе биде пониска. Тоа е како да го поставите прашањето дали цената на нафтата или на некој метал ќе биде пониска, кажа вчера вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, одговарајќи на новинарско прашање на завршната работилница за техничката поддршка на Република Македонија.
- Сепак можам...
Шекеринска: Фокусирани сме на добро решение, нема да дозволиме невнимание тоа да го уништи
Фокусирани сме на решение, на шанса за нашата држава, и нема да дозволиме невнимание тоа да го уништи, изјави денес во Битола, заменик претседателот на Владата и министер за одбрана Радмила Шекеринска, а во врска со текот на преговарачкиот процес меѓу Република Македонија и Република Грција.
Шекеринска потврди дека двата министри договориле рамка за добро решение, што ќе биде добра...
Стратегиски план и Програма за истражувачка активност на НБРМ за 2019-2021 година
Советот на Народната банка на Република Македонија на денешната редовна седница ги донесе Стратегискиот план и Програмата за истражувачка активност на Народната банка за периодот 2019-2021 година.
Стратегискиот план за следниот тригодишен период, информираат од НБРМ, содржи единаесет стратегиски цели кои јасно ја изразуваат определбата за одржување ниска и стабилна инфлација преку стратегијата на одржување стабилен курс на денарот во...
Внука го ограбила дедото, му одзела акт-чанта со 65.000 евра
Внука ја ограбила куќата на својот дедо на улицата „Јордан Џурнов“ во Велес и одзела акт-ташна со 65.000 евра и разновидна документација. Настанот вчера во СВР Велес го пријавил С.М. (68) кој посочил дека во периодот од 18. до 30 мај годинава непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа.
Како што информира МВР, сторителката преку незаклучената влезна врата влегла на...
Рецептот на Трамп за хаос на Блискиот Исток
Одлуката што ја донесе американскиот претседател Доналд Трамп да ги повлече САД од иранскиот нуклеарен договор и да се сврти кон политиката на нови санкции и конфронтација, дополнително ќе ја загрози иднината на Блискиот Исток. Знаците во изминатиот период не се ветувачки.
Одлуката на Трамп не може да се оправда со некакво кршење на договорот од страна на Иран. Туку...
Аманатидис: Црковниот аспект на проблемот се движи кон решение
Црковниот аспект на проблемот се движи кон решение и ова е многу важна разврска што ќе има влијание врз решавање на македонското прашање, вели заменикот министер за надворешни работи Јанис Аманатидис во интервју за грчкото радио „Реал фм“.
- Постои една многу позитивна разврска, црковниот аспект на прашањето, што влезе со одлука на Светиот синод и со допис до премиерот,...
Зошто Трамп избира војна
Одлуката на претседателот Доналд Трамп да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран склучен во 2015 година не беше првото повлекување од клучен меѓународен договор. Од Транспацифичкото партнерство до Парискиот климатски договор, раскинувањето на мултилатералните рамки стана специјалност на Трамп.
Но дури и според стандардите на Трамп, излегувањето од Здружениот сеопфатен план за акција, како што е официјално познат...
Над 50 терористички ќелии откриени лани во Русија
Лани во Русија се откриени повеќе од 50 терористички ќелии, изјави денеска заменик-шефот на канцеларијата на Комитетот за борба против тероризмот Алексеј Коваљев.
- Само во 2017 спречени се вкупно 68 злосторства кои биле поврзани со тероризам, меѓу кои 25 терористички напади за кои постоело план да бидат извршени на места на масовни собирања и во многу важни институции. Откриени...
Албанија била поголем проблем за Франција отколку Македонија
Отпорот на Франција, Холандија, Белгија, Луксембург и на Данска, пред сѐ, се однесува на Албанија, која голем број други земји-членки би сакале да ја видат во пакет со Македонија на јунскиот самит каде што ЕУ треба да ги одобри априлските препораки на Европската комисија за овие две држави, кажале за МИА дипломатски извори во Брисел.
По бурата што се појави...







































