Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на „Ролан Гарос“

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на „Ролан Гарос“. Ѓоковиќ по три одиграни сета со 3:0 (6:3, 6:4, 6:2) успеа да го совлада шпанскиот тенисер Фернандо Вердаско. Српскиот тенисер против Вердаско релативно лесно победи и прикажа сигурна игра, што наговестува дека се враќа во старата препознатлива форма. За Ѓоковиќ ова е деветто четвртфинале во низа на „Ролан Гарос“ .

Пожар во кавадаречко

Пожар избувна денеска во месноста Белград, кавадаречко. Пожарот попладнево е ставен под контрола, но се следи состојбата со цел да не се појави нови жариште.  Од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци изјавија дека пламените јазици зафатиле нискостеблеста шума и трева. Во гаснењето учествуваат едно противпожарно возило и четворица пожарникари.    

Македонските ракометарки со пораз и без пласман ги завршија квалификациите

Женската ракометна репрезентација на Македонија беше совладана од Србија со 35:30 во последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство (ЕП) во Франција. Македонија на гостувањето во Ниш со пораз и без пласман го заврши настапот во квалификациите. Со исклучок на првите десетина минути од натпреварот кога македонските ракометарки пружија посериозен отпор, во останатиот дел од натпреварот Србинките доминираа на теренот. Македонските ракометарки...

Брајaн де Палма работи на хорор филм за Харви Вајнстин

Режисерот Брајaн де Палма изјави дека во моментот пишува сценарио за хорор филм што ќе се базира на скандалот со американскиот продуцент Харви Вајнстин. Де Палма, кој ги има режирано и филмовите „Кери“ и „Лице со лузна“, изјави дека внимателно го следи целиот случај. Вајнстин се соочува со бројни тужби за силување и други видови на сексуално злоставување. Тој минатата седмица...

Рама: Албанија заслужува почеток на преговори

Албанскиот премиер, Еди Рама, високо ја оценува поддршката на Австрија, во секој клучен миг низ кој минала неговата земја, посочувајќи ја како силен партнер на интеграцискиот пат кон ЕУ. Во интервју за A-Ер-Де, Рама вели дека „Австрија одамна е поддржувач на Западен Балкан и отсекогаш била лојална и пријателски определена кон нас. Таа е исто така еден од нашите големи...

Заев: Во јули очекувам покана за влез во НАТО

Ако се насочиме сите кон изнаоѓањето решение, 2018 година може да биде година за паметење и за Република Македнија, но и за регионот, и за ЕУ и за НАТО. Затоа, неуморен оптимист сум и очекувам во јули покана на Македонија за влез во НАТО, истакнал премиерот Зоран Заев во интервју за магазинот CorD, кој се печати во Белград, а...

Се одржаа „Мариовско-мегленските културни средби“

Со потсетување на минатото и разбудување на спомените за родниот крај, некогашните жители на Мариово и оние што се уште се на родната грутка, денеска по 34-ти пат се сретнаа на традиционалната манифестација „Мариовско-мегленски културни средби“ во манастирот „Свети Илија“ кај Витолиште.  Со песна, спомени, со сеќавање на некогашниот живот на големото Мариово, Мариовци со копнеж посакуваат да заживее...

Харадинај: Прифаќаме помирување со Србија, но не и заборавање на злосторствата

Косовскиот премиер и лидер на Алијансата за иднината на Косово (ААК) Рамуш Харадинај, изјави дека би прифатил помирување со Србија во замена за меѓусебно признавање, но тоа не знaчи дека ќе се заборават српските злосторства врз косовските Албанци. Говорејќи на изборното собрание на ААК во Сува Река, Харадинај рече дека помирувањето значи „да се помине преку исчезнатите, силуваните и убиените“,...

Редок вид риба уловија рибарите во Валона

Редок вид риба,со своите мрежи уловија рибари од приморскиот албански град Валона. Рибата е од видот „Ruvetus“. - Овој вид риба живее во поголема длабочина, но климатските промени условија тие да го сменат своето живеалиште.Се смета за редок вид риба,тешка беше 50 килограми, а долга два метра. Се храни со лигњи и ракчиња - вели рибарот Шериф Дурмиши. Според него, претходно,...

Манијак нападнал девојче пред влез во зграда, соседот ја спасил

Шеснаесетгодишно девојче од Охрид додека се враќало пеш кон својот дом, било следено од нејзиниот сограѓанин Н.Т., кој пред влезот од зградата во која живее почнал да ја допира по телото.  Како што соопшти МВР, кога девојчето почнало да вика за помош излегол соседот, по што Н.Т. избегал од местото на настанот. Случајот вчера во Секторот за внатрешни работи Охрид го пријавила...