Утре без струја делови од Центар и Карпош

Поради изведување технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа, без електрична енергија ќе бидат делови од општините Центар и Карпош. Без струја во периодот од 05.00 до 08.30 часот ќе бидат корисниците од ул. Македонија, објектите со број: 19, 20, 23, 25, 37, 41 и околните објекти во општина Центар. Во периодот од 09.00 до 12.30 часот, пак прекин во снабдувањето со електрична...

Цените на црното злато сите ќе нѐ зацрнат

Едноставно решение нема, изборот ни е стеснет, а мора да се бараат најдобрите решенија за сите, не само за одредена категорија граѓани или бизниси. Трошокот за горивата го чувствуваме сите, било да се возиме со автомобил или со точак. А на крајот на краиштата, ако не го празниме џебот за гориво, ќе го испразниме за храна, кај која има...

Прв лет Варшава-Охрид

Авиолинија на релацијата  Варшава - Охрид  се воведува од денеска, во организација на  тур-операторот „Rainbow“.  Првото слетување од Варшава на аеродромот „Св. Апостол Павле“ е предвидено за попладне во 16:20 часот. Најавени се обраќања на  Јигит Лачин, аеродромски координатор на ТАВ Македонија, Јован Стојаноски, градоначалник на Охрид и Катажина Пташињска, конзул на Полска во Македонија.  На Охридскиот аеродром вчера пристигна и првиот...

Новоизбраните министри ќе ги преземат должностите

Четворицата новоизбрани министри кои во петокот добија поддршка од Собранието денеска ќе ги преземат должностите во соодветните ресори.  Арбр Адеми напладне ќе ја преземе должноста министер за образование и наука од Рената Тренеска Дескоска, која е избрана за министер за правда. Министерското место во правда беше испразнето по оставката на Билен Саљији.   Во Министерството за култура Роберт Алаѓозовски ќе му ја...

Атина очекува одлучувачки чекор од Скопје

Топката е на теренот на соседите да го направат одлучувачкиот чекор кон решение, а ние чекаме, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчката телевизија „Контра“. - Она што го очекуваме е политичкото раководство на поранешната југословенска Република Македонија да го направи решителниот чекор за конечно да отидеме напред кон заемно прифатливо решение...

Земјотрес почувствуван синоќа во Скопје

Земјотрес со Рихтерова магнитуда од 2,8 степени е регистриран синоќа во 21 часот и 29 минути во скопското епицентрално подрачје. Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ соопшти дека земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Сончево и топло време, попладне дожд

Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а од пладне ќе се зголемува облачноста и ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи особено на северот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 8.  Минималната температура ќе се движи од 10 до 16, а  максималната 26 до 33 степени. Во Скопје исто така претпладне ќе...

Делови од Кисела Вода и Чучер Сандево утре без струја

 Дел од корисниците лоцирани на улицата „Востаничка“ утре од 9 до 14 часот  ќе останат  без електрична енергија. Во истиот период без струја ќе бидат и дел од  корисниците од скопското село Брaзда. Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Шумуликоски се повлече од фудбалската кариера

Поранешниот македонски репрезентативец Величе Шумуликоски одлучи да се повлече од активната фудбалска кариера на 37-годишна возраст. Негов последен клуб е Словачко за кој настапуваше од 2013 година. Тој во богатата меѓународна кариера смени повеќе клубови, но најголемиот успех го постигна во 2008 година кога потпиша за англиски Ипсвич. Шумуликоски е трет фудбалер по бројот на настапи во македонскиот национален дрес, односно вкупно...

Тунис: Потона брод со мигранти, загинаа најмалку 35 лица

Најмалку 35 мигранти загинаа откако денеска се преврте брод на кој биле качени  во близина на брегот на Тунис, соопшти Министерството за одбрана на таа држава. Крајбрежната стража спасила 67 лица. Спасувачката операција е во тек. Дел од мигрантите биле државјани на Тунис. На бродот имало околу 180 мигранти, изјавија официјални лица.