Комора на стоматолози: Точно е дека постои пресуда на Управен суд за поништување на верификација на мандатите на делегатите

Точно е дека постои пресуда на Управен суд со која е поништена верификацијата на мандатите на делегатите на сегашниот состав во  Комората, се наведува во денешното соопштение на Стоматолошката комора. - Стоматолошкатa комора на Македонија ја доби денеска, пред некој час, и за почеток знаеме само дека согласно пресудата потребно е Комората, односно Верфикационата комисија следејќи ги напатствијаита на Судот...

Цените на нафтата растат откако ОПЕК+ се согласи на умерено зголемување на производството

Цените на нафтата денеска се зголемија откако ОПЕК+ објави умерено зголемување на производството од 137.000 барели индустриски стандард дневно во ноември, ублажувајќи некои загрижености за зголемување на понудата. Фјучерсите за сурова нафта од типот Брент скокнаа за 1,6 отсто на 65,58 долари за барел во европската трговија, додека фјучерсите за сурова нафта ВТИ пораснаа за 1,7 проценти на 61,89 долари. ОПЕК...

Јавна седница пред Апеалција: Обвинителството бара повисока, а одбраната пониска казна затвор за Васил Јованов

Пред Апелациониот суд Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје од 13 мај годинава со која Васил Јованов беше прогласен осуден на казна затвор  од 12 години, врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за прегазувањето на Фросина Кулакова во...

Во Драч се разговара за европската интеграција и регионалната безбедност, рече Силјановска Давкова

Со претседателите на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони", денеска во Драч ќе размениме мислења за најважните прашања поврзани со европската интеграција: Планот за раст на ЕУ, младинската политика и одливот на мозоци, регионалната соработка и безбедност, објави на фејсбук претседателката Гордана Силјановска - Давкова. Процесот Брдо Бриони, како што посочува претседателката, е инспириран од солидарноста и пријателството меѓу државите од...

Нови цени на бензините

За денар ипол поевтинуваат бензините и Екстра лесното масло за домаќинство, а дизелот поевтинува за еден денар. Ваква одлука донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика. Од полноќ, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 74 ден/лит,  а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 76 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)ќе изнесува 68...

Кремљ ги отфрли тврдењата дека Кина ѝ доставува разузнавачки податоци на Русија

Кремљ денеска соопшти дека Русија располага со сопствени капацитети за покривање на сите потреби на бојното поле, отфрлајќи ги тврдењата на Украина дека Кина ѝ доставува на Москва сателитски разузнавачки информации за поефикасни напади врз украински цели. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговори на прашањето по изјавата на Олег Александров од украинската Служба за надворешно разузнавање, кој за државната агенција...

„Булмак 2016“: Невистинити се информациите објавени вчера и денеска во неколку медиуми, а поврзани со рудникот Тораница

Управата на рудниците Злетово и Тораница, компанијата „Булмак 2016“, најостро ги демантира и отфрла како целосно неточни објавите во дел од медиумите дека наводно се случил еколошки инцидент во рудникот Тораница. -Станува збор за невистинити и неточни информации, а дел од медиумите без никакви докази ја објавуваат и пренесуваат измислената информација за наводен еколошки инцидент. Прво, веста дека е предизвикан...

Од први септември 30 ученици следат настава од далечина заради болест или домашно лекување

Триесет ученици кои се подолго од три недели на болничко или на домашно лекување, од 1 септември активно ја следат наставата од далечина. Дел од нив се вклучени онлајн на часовите заедно со соучениците, додека со дел од нив наставниците одржуваат индивидуална настава користејќи ги алатките што вообичаено се употребуваат за настава на далечина, како платформите ЕДУИНО и nastava.mk. Министерство...

Почна исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за септември 2025 година. Корисниците на парични права кои имаат дебитна картичка од денеска ќе можат да подигнат готовина на банкоматите и да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. -За да се...

Со „Силниот човек од Буренг“ почнува годинешниот Етнофф

Вечерва од 19 часот, во Кинотека на Македонија, ќе биде отворено единаесеттото издание на Меѓународниот фестивал на етнографски филм- Етнофф. Фестивалот ќе започне со проекција на италијанскиот филм „Силниот човек од Буренг“ на Марио Бучи, а ќе продолжи со „Обичен херој“ на Јован Цветковски, „Врзувачот на мушички“ на Богдан Ивановски, а првата фестивалска вечер ќе биде заокружена со „Чекори кон загубата“ на Ирене Калтенборн од Шведска. Фестивалот...