Ципрас поднесе оставка од пратеничкото место во грчкиот парламент
Поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас соопшти дека поднесува оставка на функцијата пратеник на левичарската партија Сириза, јави државната телевизија ЕРТ.
Во објавата на платформата Икс, Ципрас наведе дека ја напушта грчката собраниска сала, но не и политиката. Тој го соопштил решението и во писмо до претседателот на Парламентот, Никитас Какламанис.
Како причина за оставката, Ципрас посочува желба да се врати...
ЕК суспендира дел од исплатата на средства за Бугарија затоа што не спровела препорака за борба против корупцијата
Европската комисија даде позитивна оценка по второто барање на Бугарија за исплата на средства во рамките на Механизмот за опоравување и отпорност (РРФ), но утврди дека едно барање поврзано со телото за борба против корупцијата не е исполнето, поради што реши да одобри само делумна исплата на поддршката, изјави денеска портпаролот на ЕК за кохезија и реформи Мачеј Берестецки.
-...
Пронајдени телата на тројцата хрватски планинари загинати во лавина во Словенија
Пронајдени се телата и на преостанатите двајца хрватски планинари кои вчера беа затрупани од снежна лавина под врвот на планината Тоск (2.275 метри надморска височина) во Јулиските Алпи во Словенија, јави словенечката агенција СТА.
Лавината вчера наутро однесе тројца планинари од Хрватска, а во текот на денот беше пронајдено телото на едниот од нив.
Претседателот на Шумската спасувачка служба на Бохињ,...
Урсула фон дер Лајен повторно пред уште едно гласање за недоверба во Европскиот парламент
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска повторно ќе се соочи со Европскиот парламент, вторпат за помалку од три месеци, за да се брани од предлозите за изгласување недоверба што ги поднесоа опозициските пратеници, обвинувајќи ја за низа пропусти – од недостиг на транспарентност до неуспех во преговорите за трансатлантскиот трговски договор.
Процедурата започнува денеска во парламентот, а...
Со синхронизирање на 12 закони до унапредување на здравствениот систем, вели Алиу
Со синхронизирање на 12 закони од областа на здравството почнувајќи од евиденции, преку осигурување и лекови, до биомедицина и јавно здравје, во насока на нивно поврзување и функционирање како една целина, ќе се овозможи унапредување на процесите во здравствениот систем. По тој повод денеска во организација на Министерството за здравство се одржа јавна презентација на тие 12 закони на...
Македонец од Кочани го загубил животот во Словенија, информира МНР
До Амбасадата на Македонија во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани. Согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
-Амбасадата на Република...
Муртезани: Еден од трите топ приоритети на Владата е борбата против корупцијата
Еден од трите топ приоритети на Владата е борбата против корупцијата, при што големо е значењето на владеењето на правото и борбата против корупцијата во рамки на процесот на нашето пристапување во Европската Унија, изјави денеска министерот за европски прашања, Орхан Муртезани на заедничката прес-конференција во Скопје со австриската сојузна министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм и...
Плаколм и Грашич со поддршка за разговори меѓу Скопје и Софија за надминување на спорот
Австриската сојузна министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм и словенечката државна секретарка во Министерството за надворешни и европски прашања, Нева Грашич даваат целосна поддршка на дијалогот меѓу Скопје и Софија, кој македонската Влада го најавува дека ќе се случи по изборите, односно по Нова година.
Плаколм и Грашич денеска во Скопје на заедничката прес-конференција со министерот за европски...
Поетската видеоинсталација „Откривање и ритам“ во МКЦ
Поетската видеоинсталација „Откривање и ритам“ е составена од две интерповрзани видеа, кои преку симболичка нарација и визуелна естетика ги истражуваат темите на внатрешното будење и животната динамика.
Делото ги спојува природата и човечката емоција во сензорно и филозофско патување. Изложбата е на Мартин Џепароски и е поставена до 14 октомври во Македонскиот културен центар.
Првото видео, „Откривање“, се фокусира на трагањето...
„Колоритот на генијот“ на Мирослав Масин во Софија
Во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија е отворена изложбата „Колоритот на генијот“ на Мирослав Масин – сликар со ретка моќ да го претвори платното во огледало на човековата душа. Изложбата ќе биде отворена во присуство на авторот, што ја прави оваа уметничка средба уште повредна и пополнокрвна.
Во современата македонска уметност, Мирослав Масин зазема исклучително важно и автентично...







































