Дали знаете зошто во кафулињата добивате вода со кафето? Причини има многу, а одговорот се наоѓа во 16 век во Турција и Грција, каде што почнала практиката на пиење кафе. Во Западна Европа обичајот се појавил на крајот на 19 век. Иако многумина мислат поинаку, водата што се послужувала со кафето не била наменета за пиење. Причината била – лажичката. Имено, многу жени се жалеле на проблемот со лажичката за мешање на кафето. По мешањето, лажичката била валкана, па морале да ја стават таква на чиничето. Овој потег се сметал за некултурен и неелегантен. Затоа рестораните одлучиле да почнат да служат вода со кафето – за гостите да можат да ја измијат валканата лажица пред да ја стават на тацната.
Овој ритуал се променил во 1873 година, кога биле воведени првите градски водоводи со вода од планински извори. Имено, угостителите тогаш сакале да докажат дека пијалаците ги приготвуваат со чиста изворска вода и дека таа е безбедна за пиење. Денес ни е најнормално да земеме чаша вода со кафе, иако во некои ресторани и кафулиња треба да се побара посебно.
Но водата служи и за неутрализирање на вкусовите. Функцијата на водата е да го неутрализира вкусот на непцето пред и по пиењето на шолја кафе. Го отстранува вкусот на сè што сте консумирале во изминатиот час и ви помага подобро да го вкусите кафето – особено ако е квалитетно. Секако, водата нѐ хидрира, што е исклучително важно со оглед на тоа што кофеинот може да има диуретично дејство. Освен тоа, ги намалува потенцијалните несакани ефекти на кофеинот, како што се анксиозноста и несоницата.

































