„Воени зони“ ги нарекува администрацијата на Трамп градовите предводени од демократите

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи Чикаго за „воена зона“ за да може таму да испраќа војници, додека припадниците на Калифорниската Национална гарда се распоредени во Портланд, Орегон, уште еден град предводен од демократите, и покрај блокадите на судовите. - Тоа е воена зона. Неговиот град е воена зона, а тој лаже за да можат криминалците да влезат...

Поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите од денеска преку СЕПА

Граѓаните и компаниите од денеска ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) побрзо и поевтино. Со приклучувањето кон СЕПА им се овозможи на домашните банки да се интегрираат во европските платежни шеми во кои учествуваат давателите на платежни услуги од уште 40 земји. Гувернерот на Народната банка Трајко Славески...

Продолжува претставувањето на кандидатите за градоначалници и советници

Претставувањето на кандидатите за градоначалници и советници во рамки на кампањата за локалните избори 2025 продолжува и денеска, а во фокусот на митинзите се обраќањата на лидерите на најголемите партии. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе одржат средби со граѓани и митинзи во Маврово, Ростуше, Гостивар и Тетово. Предизборниот караван на СДСМ е во Дојран Богданци, Гевгелија и Валандово. Од Левица за денеска...

Приватните автобуси од денеска возат по редовен возен ред, ЈСП им уплатил дел од долгот

Приватните автобуски превозници во Скопје од денеска ќе сообраќаат по редовен возен ред. Сопственикот на Јофи Бус, Јовица Зафировски, за МИА потврдува дека ЈСП Скопје вчера попладне им уплатило по 6 милиони денари на трите компании. - Добивме информација дека ни се уплатени по 6 милиони денари и по кординацијата со превозниците се враќаме да возиме по зададен возен ред....

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа. Според египетската телевизија „Ал-Кахера њуз“, разговорите почнале со дискусии за размена на заложници за палестински затвореници. Египетските и катарските медијатори работат со двете страни за да воспостават механизам за ослободување на сите заложници и размена на палестински затвореници -објави...

Верувам во посветеноста и одговорноста на Хрватска и Словенија кон регионот и очекувам исчекор кон ЕУ, истакна Силјановска Давкова

Siljanovska Davkova Brdo Brioni
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска се обрати на годинашната средба на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, којашто се одржа во Драч, Република Албанија. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, укажувајќи на неодржливоста на предолгото чекање на Западен Балкан пред портите на Брисел, заради насушната потреба од проширување на ЕУ со сите европски држави во функција на зајакнување на нејзината улога,...

Нобелова награда за медицина за тројца научници кои ја открија одбраната на телото од сопствена агресија

Nobelova nagrada za medicina
Нобеловата сезона за 2025 година официјално започна со објавувањето на првата награда, онаа за физиологија или медицина. Наградата е доделена на научниците Мери Е. Брунков и Фред Рамсдел од САД и Шимон Сакагучиод Јапонија. Тие ја добиваат престижната награда за нивните револуционерни откритија во врска со периферната имунолошка толеранција, која го спречува имунолошкиот систем да му наштети на сопственото тело....

Пресудата од 12 години е донесена под огромен притисок од јавноста, тврди Дуковски

Во овој случај сметам дека се сака да се оди на лов на вештерки и ако 12 години казна е изречена некогаш во историјата на правото на Македонија. Пресудата од 12 години тврдам е донесена под огромен притисок од јавноста, тука важеше начелото „око за око, заб за заб“ - изјави бранителот на Васил Јованов, адвокатот Сашко Дуковски, во...

Шпаркасе Банка: Со приклучувањето кон СЕПА, се воведени нови, поволни услови за плаќања во евра

Од денеска, 6 октомври, Шпаркасе Банка АД Скопје започнува со извршување СЕПА-трансфери. Банката направи значаен исчекор кон современите европски платни системи, приклучувајќи се кон Единственото подрачје за плаќања во евра СЕПА (Single Euro Payments Area). Со оваа иницијатива, Шпаркасе Банка станува активен учесник во извршувањето на СЕПА кредитните трансфери, овозможувајќи им на клиентите, физички и правни лица, да вршат и...

Преку барање на повисока казна, не бараме освета, бараме правда којашто ќе спречи идни трагедии, порача обвинителката Фетаи

 Преку барање на повисока казна, не бараме освета, бараме правда којашто ќе спречи идни трагедии, бараме правда што ќе испрати јасна и гласна порака дека човечкиот живот е неприкосновен, вели јавната обвинителка Фатиме Фетаи. Ставот на Вишото јавно обвинителство Скопје, посочи Фетаи во изјава за медиумите по денешната јавна седница пред Апелациониот суд Скопје, е дека жалбата на Обвинителство треба...