Во Масачусетс приведени 56 осомничени педофили
Ширум американската сојузна држава Масачусетс приведени се една жена и 55 мажи поради производство и делење на материјали за сексуална злоупотреба на деца и нивно подведување.
Осомничените се на возраст од 18 до 75 години. Дваесет и пет лица се обвинети за поседување на детска порнографија, а 19 за подведување на деца.
- Уапсивме успешни бизнисмени, сопружници и родители. Некои склучија...
Средношколци од Нови Сад најавија бојкот на наставата за поддршка на Дијана Хрка
Учениците од неколку средни училишта во Нови Сад најавија за утре еднодневен бојкот на наставата за поддршка на Дијана Хрка и Миломир Јаќимовиќ и неговиот малолетен син, кои штрајкуваат со глад.
- Во земја каде што мајка го ризикува својот живот, затоа што ѝ е одземено правото на вистината за убиството на нејзиниот син, а татко и неговиот малолетен син...
Лавров: Русија ќе тестира нуклеарно оружје, ако и другите сили го прават тоа
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за руски медиуми изјави дека Москва ќе тестира нуклеарно оружје, ако и другите нуклеарни сили вршат нуклеарни проби.
- Москва е подготвена да разговара за загриженоста на САД за она што Вашингтон го нарекува „сомнителни подземни активности“ - наведе Лавров.
Тој додаде дека Русија е загрижена од изјавите на САД што сугерираат дека...
Бројот на жртвите од тајфунот Фунон на Филипини се искачи на 25
На Филипини бројот на жртвите од тајфунот Фунон се искачи на 25, додека 29 се повредени, а двајца се водат како исчезнати, соопшти Националната служба за цивилна заштита.
Најголем број – 19 загинаа во административниот регион Кордилера, тројца во Кагајан, додека по еден се пријавен во Бикол, Западен Висајас и Источен Висајас.
Супер тајфунот погоди повеќе од 2,4 милиони луѓе.
Претседателот на...
САД планираат да изградат голема воена база на границата помеѓу Израел и Појасот Газа
Израелскиот весник „Шомрим“ објави дека САД ја разгледуваат можноста да изградат голема воена база долж границата помеѓу Израел и Појасот Газа, која би имала клучна улога во идните меѓународни напори за стабилизација на регионот.
Базата би можела да ја подобри способноста на САД директно да ги контролира настаните на терен во Појасот Газа.
Според весникот, иако сите детали за овој план...
Турски воен транспортен авион се урна во Грузија, загинаа 20 војници
Турски воен транспортен авион од типот Ц-130, кој полетал од Азербејџан кон Турција, денеска се урна во Грузија, при што загинаа сите 20 војници кои беа во него, соопшти денеска турската Влада.
Авионот Ц-130 полетал од Азербејџан и бил на пат назад кон Турција кога се урнал, објави турското Министерство за одбрана на социјалната мрежа Икс.
Видео снимките емитувани од медиумите покажуваат...
Бугарија има залихи на бензин за 35 дена
Бугарија има залихи на бензин за 35 дена, а дизел за повеќе од 50 дена, изјави денеска претседателот на бугарската Агенција за државни резерви и воени залихи, Асен Асенов.
- Во случај на кризна ситуација, горивото од резервите може да се дистрибуира без био-компоненти за да стигне побрзо на пазарот, додека цените ќе го следат пазарното ниво за да се...
Ќе се реконструира спортската сала во УКИМ
Отпочнување на изградбата на две нови спортски сали и реконструкција на спортската сала во комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се три големи проекти што ќе ги спроведе Министерството за спорт до крајот на годината, најави министерот Борко Ристовски.
Како што соопштуваат од Министерството, на денешното гостување на ТВ 24 Ристовски посочил дека тоа се три големи...
ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси
Комитетот за вработување и социјални прашања на Европскиот парламент со 41 глас „за“, шест „против“ и четири „воздржани“, денеска усвои извештај со кој се бара од Европската комисија да подготви законска регулатива за употребата на алгоритамски технологии, пред се на вештачката интелигенција, во работните процеси во ЕУ.
Според европратениците, целта на ваквата регулатива би била да се гарантира транспарентно, фер...
Г7 во Канада: Украина, Арктикот и мирот на Блискиот Исток во фокусот
Министрите за надворешни работи на земјите членки на Г7 денеска заседаваат во Канада.
Канадската министерка за надворешни работи Анита Ананд изјави дека на дневен ред се безбедноста на Арктикот, војната во Украина и гарантирањето на мирот на Блискиот Исток.
Ананд нагласи дека во сегашниот период на геополитичка нестабилност, американскиот државен секретар Марко Рубио е „многу конструктивен член“ на Г7 и ја...







































