Меѓународниот аеродром „Катанија-Винченцо Белини“ на Сицилија и денеска останува затворен поради засилената активност на вулканот Етна.
Сите летови се пренасочуваат кон аеродромот во Палермо, а авиокомпаниите организираат автобуски превоз за патниците.
Етна продолжува да исфрла пепел, а според најновите податоци вулканскиот облак достигнува висина од околу 4.500 метри. Италијанската цивилна заштита уште на 26 јуни го зголеми нивото на тревога поради засилени вулкански потреси.
Етна, висок околу 3.300 метри, е најголемиот активен вулкан во континентална Европа.
































