Автор: Д-р Павлинка Папчева, дерматолог
Стареењето на телото и кожата е природен и нормален процес, поддржан од генетските и хормоналните фактори, но сепак дополнително поттикнат со надворешните агенси, како што се :
• неправилниот животен стил,
• отсуство на физичка активност,
• лошиот квалитет на храната,
• пушењето,
• недостатокот на сон и
• хроничниот стрес во текот на животот значително го забрзува овој процес.
Во последните години општата популација покажува поголема грижа кон општото
здравје, но и кон здравјето на својата кожа.
Луѓето, благодарение на широката достапност на квалитетни информации од интерес, но и поради гласните активности на дерматолозите со постојаната едукација на своите пациенти во секојдневната пракса, се запознаваат со најчестите промени на кожата со цел нивно навремено препознавање на кои имаме значително лично влијание.
Првите знаци на стареење на кожата се забележуваат веќе на 25-годишна возраст, кога започнува природното намалување на продукцијата на колаген. После 40. година драматично е неговото намалување со што се поевидентни се грубата и сува кожа, намален тонус, губење на сјајот, длабоки статични брчки на лицето, но и телото.
Фотостареењето е процес на кој можеме многу силно да влијаеме, каде што и покрај
возраста можеме да го забавиме целиот механизам во кожата, со балансирана исхрана пред се, внесување на антиоксиданси кои ќе ја помогнат продукцијата на колаген тип 1.
Покрај ова неопходно е и директно да дејствуваме користење на соодветна утринска и ноќна крема/серум за лице и врат, а особено SPF 30/50 во текот на целата година.
УВ радијацијата е главниот надворешен причинител за појавата на нееднаков пигмент на кожата, доведува да дисрупција на колагените влакна и нивна дефрагментација.
Користење на дневни и ноќни креми и серуми со колагенски пептиди придонесуваат за обнова ,исхрана и сјај на кожата. Дополнителното нанесување на креми со витамин Ц и Е, А ретинол 1, хијалуронска киселина синергистички го помагаат бараниот резултат, сјајна, хидрирана и изедначена боја на кожа.
Присуство на агенси за заштита од сина светлина како дополнителен елемент во кремите го зголемува anti- aging ефект.
Кремите освен горенаведените карактеристики потребно е дополнително да содржат емолиенти, како што се шеа путер, путер од илипе, јојоба масло кои пак ќе придонесат за задржување на долготрајна влажност на кожата и балансирање на агресивноста на активните компоненти, најприлагодена за зрела кожа како дел од ноќната нега.
Присуство на SPF во својот состав и AHA, односно овошни киселини кои заедно со ретинолот ги намалуваат постоечките брчки на лицето и вратот и ја изедначуваат бојата на кожата.
Овие мултифункционални препарати даваат комплетна нега и заштита на кожата
против стареење, па дури и подобрување на нејзините функции.
Користење на термалната вода е препознатлив сегмент од секојдневната рутина кој како изотоничен серум е во осмоза со кожата, давајќи дополнителен бенефит, односно засилување на секоја активна компонента во производите, како уникатен елемент за елевација на козметиката за anti-aging цели. Работи во хармонија со клетките, со што ја засилува бариерната заштита на кожата, намалувајќи ги потенцијалните инфламаторни процеси кои би го забрзале стареењето.
Исто така ја зголемува хидролипидната заштита, формирајќи заштитен флуид против фотостареењето на кожата, со што се постигнува целта на здрава, сјајна и затегната кожа и во подоцнежна возраст.


































