Фото: Лука Димитријоски / Фејсбук

Сојузот на спортските федерации на Македонија лансира значаен проект за борба против допингот

Вистинската големина во друмскиот велосипедизам не се мери со талент, туку со посветеност, чесност и храброст да се биде транспарентен.
Ако немаш што да криеш, измери ја вистината! Анти-допингот е на твоја страна, порачува велосипедистот Лука Димитријоски.

Во време кога спортот сè почесто се соочува со предизвиците на недозволените супстанци, проектот што од денес го започнува Сојузот на спортските федерации на Македонија претставува значаен чекор кон создавање култура на чесен, безбеден и фер спорт. Наместо борба со последиците, фокусот е ставен на превенцијата, едукацијата и навременото информирање – најсилното оружје против допингот.
И ова нема да биде задача само на Сојузот на спортските федерации на Македонија.
Успехот ќе зависи од заедничката мобилизација на спортистите, тренерите, клубовите, стручните штабови, националните федерации и сите чинители во спортот. Само со единствен фронт може да се изгради средина во која здравјето, интегритетот и фер-плејот ќе бидат поважни од секој резултат.