Фотографијата „Вртивратка“ на авторот Велиан Јагев е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.
– Вртивратката (Jynx torquilla) е мала преселна птица од семејството на клукајдрвците, долга околу 16–17 см. Името го добила по способноста да ја извртува главата и вратот за околу 180 степени За разлика од другите клукајдрвци, не длаби дупки во дрвјата, туку гнезди во веќе постоечки шуплини. Пердувите ѝ се по боја и шара слични на кора од дрво, што ѝ овозможува одлична камуфлажа – кога мирува на гранка, речиси е незабележлива што ја прави тешка за пронаоѓање и сликање. За оваа фотографија на вртивратката во лет ми беа потребни два дена – истакна Јагев.

Фотографијата е избрана од најголемата македонска Фејсбук-група за фотографии MACEDONIA – Photo Stories.
📸 „Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата 👇
📇 Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
➡ Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
➡ Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
➡ Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
➡ Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
➡ Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.


































