Фото: Влада / Илустрација

Околу 30 ученици во текот на јуни и јули ја претставуваат Македонија на меѓународни научни олимпијади, а сите трошоци за нивното учество ги покриваат Министерството за образование и наука и Владата, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска, пренесе МИА.

Во објава на Фејсбук, Јаневска истакна дека државата втора година по ред целосно ги финансира патувањата и котизациите за младите натпреварувачи, со што нивните семејства не се изложени на дополнителни финансиски трошоци.

-Така ќе биде и понатаму. Нашите таленти заслужуваат целосна поддршка за да напредуваат, да ги развиваат своите знаења и да покажат дека Македонија има млади луѓе кои рамноправно се натпреваруваат со најдобрите во светот – порача министерката.