Забележете дека кога се споменува Александар Македонски, однапред се прифаќа дека е меѓу најпознатите, најистражени и најпопуларни историски личности. Сликата за него во свеста на европскиот образовен систем (вклучително и во САД, Канада и Австралија) е стандардизирана: Војник на коњ. Следниот чекор ќе го направат поупатените: диктатор, пироман, растурикуќа (татко му Филип ја направи Македонија, тој ја растури)…, но генијален војсководец…
Потоа следуваат таинствата за гробот: во Багдад е, не е, во Александрија е, не е, во Венеција е, не е, сигурно е заедно со кралот Артур, ама се прекрстил во Мерлин… не, мора да е во Пела… Во Пела е (која Пела). Многумина знаат, но Паско ќе знае најдобро…. „се шири, се точка, се метка, не паѓа, не турка, не тиска и тера и тера и тера, не вчера… а сега, за уште, веќе… и ништо… си мине… „Книги, колку сакаш и бестселери и муви… А ваму ниеден оригинал, ни од Клеистен, ни од Неарх, ни од Аристобул, ни од Оксириничиус“…
По 300 години велат останале четири зачувани книги што биле напишани според оригиналите ама и тие не се изворни ракописи ни на Плутарх, ни на Ариан, ни на К.К. Руф, ни на Диодор Сикула… приредувачот упорно тврди дека се изворни… и покажува печатена книга на латински од 17 век (на некои локации на мрежата ќе сретнете дека има најстара копија од 9 век по Христа)… чаре!?
А да не го бараме гробот? Народната вели: Тој ќе се појави кога ние ќе бидеме подготвени за него.
Подобро да се сосредоточиме на неговото наследство. Ова известување не може да го набљудува Александар Македонски само според потребите на воената индустрија. Неговиот придонес во сферата на војувањето е голем, но интересно, древномакедонската историографија на која сме должни да ѝ посветиме поголемо внимание, ги смета Ханибал, па дури и Пир Македонски за поголеми воени стратези. Важно е, исто така, да се потсетиме на источните извори, особено на заедничкиот заклучок на источната историографија: „Александар Македонски е најдоброто што дошло од Западот!“ Затоа не е чудо што Помпеј ја копира неговата фризура, Гај Јулиј ритуално ја става својата глава на лисиповата скулптура на Александар, Август Октавијан на својот царски печат го втиснува профилот на Александар… Нема римски император што не посакува да биде Македонец… Полибиј ја започнува својата „Историја на Рим“ со постигањата на Александар… Персиската историја го смета за свој крал и филозоф… Свети Павле го сонува Александар Македонски… Куранот го смета Александар за херој што гради ѕид пред Гог и Магог и, според Куранот, тој е пророк…
Арапските минијатури го цртаат како аџија кај Ќаба… Персија го смета за свој цар што пошол да го бара изворот на Младоста… Сиријците го сметаат за пророк што го претскажува доаѓањето на вистинскиот бог… Египќаните го слават како ослободител и наследник на Нектанебо… За Индијците е талентиран водач што ги бара крајот на светот и изворот на бесмртноста…
Кој е Александар Трети Македонски? Кое е неговото наследство? Кои се спомените што ги оставил како меми и како материјално културно наследство? Или можеби е подобро ако започнеме со наследството што тој лично во себе го наследил од македонската лоза македонските меми и гени… Од македонската цивилизација.
1. Александар Трети Македонски е 26. изданок на историската лоза на македонски кралеви на првата европска држава. Тој за множество врвни историографи е најголема фигура на западната цивилизација. Има една интересна симетрија што ретко се среќава во податоците за Александар. Кога медицината бараше одговор на прашањето во кој момент на развојот бебето го почнува животот како човечко суштество (почнува да се сеќава), шведската медицина докажа дека тоа се случува по 26 недели.
2. Александар Македонски се кренал на воен поход за да им се одмазди на Персијците поради зулумите над Грците!? Во ова ниеден сериозен историчар не верува (Карл Попер дури смета дека не постои грчка цивилизација туку македонска), но повеќето го сместуваат во категоријата војсководци освојувачи и како таков е редовен испит на воените академии. Но… Ако ги собереме битките што ги водел (во антиката битките ретко надминуваат четири часа, на пример битката кај Гавгамела, а битките со инфериорните војски како на пример атинско-тебанскиот башибозук кај Херонеја траела 25 минути, а Филип ги викал да не бегаат туку барем да си ги приберат отепаните) ќе се соберат едвај шест месеци!!! Што правел Александар девет и пол години!? Да видиме. Пред да видиме еве една загатка: Војската на Александар има 40.000 воини, но зошто му се 1.000 учени луѓе во посебен шатор? Сега да видиме:
– во општествен систем – робовладетелство, кој е прифатен кај сите тогашни цивилизации, Александар Македонски го укинува ропството;
– изградил 72 града;
– почнал да го гради храмот на Мардук – врвното персиско божество;
– организирал свадба за 20.000 младенци;
– правел прецизни географски карти, собирал флора и фауна;
– презел подводни истражувања;
– и не го запалил Персепол (ене го до денес нема ни сенка од чад на столбовите и релјефите (за оние што сакаат да знаат како изгледа опожарен град изграден од камен нека појдат до БИЛА ЗОРА таму Емилио Паул навистина го запалил градот);
– никому не му наметнал промена на јазик, никаде не донел свој градоначалник;
– докажал дека е доволна само една софистицирана армија за целиот цивилизиран свет и дека така ќе се живее во мир, дека е доволна една монета и сметал дека светот треба да биде натпревар на култури (ова последново го цитираме како мисла на Гоце Делчев);
– ја изградил највисоката градба на тогашниот свет (Александрискиот светилник) и создал град на просветата и сознанието.
И… да се потсетиме на една реченица што залутала во божемните биографии на Александар Македонски. Ќе ја најдете само кај Аријан кога изјавува пред почетокот на патот кон Исток: „Одам на експедиција сѐ до крајот на земјата“. Затоа: заслужено најголемиот споменик на Александар Македонски меѓу 25 слични во светот е во Македонија, но оној што е најблиску до вистинскиот Александар е во Единбург.
Вангел Божиноски
































