Фото: ОМО Илинден -Пирин

По повод годишнината од убиството на великиот македонски водач Јане Сандански во Мелник, Бугарија се одвива собир, одганизиран од ОМО Илинден-Пирин.
-Полицијата ги запираше сите автобуси, конфискуваа знамиња и постер, ги проверуваат и сликаа личните карти. Присуствуваат над 100 униформени и цивилни полицајци – информираат од ОМО Илинден-Пирин
На собирот збореше внук на Јане Сандански.
Поради своите идеолошки погледи, убиен е на 22 април 1915 година, а неговиот гроб се наоѓа до Роженскиот манастир во Бугарија. Секоја година на неговиот гроб се одржува традиционално семакедонско чествување. Остануваат запаметени неговите зборови: „Да живееш значи да се бориш: робот за слободата, а слободниот – за совршенството“.