Фото: Игор Бансколиев

Сообраќајот на патишта во државата се одвива непречено, но по влажни коловози, а на повисоките места во западните делови од државата има и врнежи од снег, но засега не претставуваат проблем за одвивање на сообраќај, информираа од АМСМ.

Оттаму додаваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.