Фото: З.А.

Во кичевско во речиси сите селски населби врнеше снег кој се задржуваше на подлогата и на повеќе места се создаде снежна покривка од неколку сантиметри и која не беше пречка за нормално одвивање на сообраќајот, додека во пониските места и во градот врнеше дожд и лапавица.

Овоштарите не се задоволни од овие временски неприлики бидејќи може да се случи измрзнување на овошките.

-Таман се понадевавме дека зимата неповратно помина, сепак последните два дена не потсетија дека се уште не е завршена. Ниските температури и приземниот мраз и снег може да создадат проблеми на овошките и повеќе од сигурно родот на јаболката, крушите и сливите драстично ќе биде намален и ќе биде под планот за годинава – вели Томе Велкоси, еден од овоштарите од кичевско, кој е разочаран од последните временски промени и неприлики. З.А.