Фото: Архива

Општина Центар Жупа, конечно избра градоначалник, откако на денешните по втропат повторени изборибеше обезбеден потребниот цензус од една третина од вкупното гласачко тело. 

Тоа е Аријан Ибрам предложен од Турската демократска партија, кој беше единствен кандидат, кому ова му е трет мандат. Првпат беше избран на изборите во 2013, а реизбран во 2017 година. 

– Во еднстениот избрачки список беа запишани 7.154 лица со право на глас а до 18:30 часот гласаa 3312 или 46,3 отсто. Потребниот цензус беше 2853 гласачи. Изборниот ден мина мирно без проблеми – рече Неџип Илјаз претседател на општинската изборна комисија. 

Ибраим, во чиј штаб веќе се слави, е роден 1972 година, основно образование завршил во Центар Жупа, средно медицинско училиште во Тетово. Дипломирал на економскиот факултет на државниот универзитетот во Афјон, Република Турција а  магистрирал на унивезитетот во Истамбул, насока меѓународно право.  Како наставник во родната Жупа, работел две години, а по неколку години работа во Италија се враќа и активно почнува да се занимава со политика. 

На редовните локални избори на 17 октовмри минатата, но и на повторените на 17 април годинава, кога имаше еден противкандидат, Ибраим освои околу 80 отсто од гласовите но не беше обезбеден цензус, поради што и се повторија изборите.  

На редовните локални избори на 17 октомври минатата година беше избран 11-члениот совет на општината, во кој пет обезбеди Турската демократска партија, по две советнички места имаат СДСМ и Движењето за национално единство на Турците и по едно ВМРО-ДПМНЕ и Партијата за движење на Турците.