Фото: Маја Јаневска-Илиева / Илустрација

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и екипа на ОВР Неготино извршија увид на лице место на патот Неготино-Дисан, каде денеска, при преземање работни активности на бандера за електрична енергија, по пад од корпа на висина од пет метри, загина 61-годишен работник од Неготино, информираа попладнево од Обвинителството.

– На увидот беше присутен и инспектор од Државниот инспекторат за труд при Министерството за труд и социјална политика кој ќе изврши анализа на работното досие на починатиот работник и ќе го проследи до Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со извештај за утврдената состојба во поглед на почитувањето на прописите од областа на заштитата при работа – појаснија од Обвинителството.

По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Во тек е предистражна постапка за утврдување на причините за несреќата.