Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во наредните денови ќе ја посети Бугарија, потврди денеска портпаролката на бугарската Влада, Лена Бориславова.

Таа додаде дека меѓу темите на разговорите на Верхеји со премиерот Кирил Петков, ќе биде и дијалогот на Бугарија со Македонија

– Она што сакам да го нагласам е дека не се работи за забрзување на некаква процедура, туку за преговарачка процедура што ги зема предвид реалните резултати. Ставот нема да се промени од она што го кажавме досега. Имено – двете земји работат заедно, има подобрен дијалог, да, тоа е факт, вистинска желба да се постигнат резултати на двете страни, за да се расчистат насобраните тензии и конфликтни точки – изјави Бориславова.