Фото: ВМРО-ДПМНЕ

На 21 септември оваа година во Македонија е увезено преку 20 тони трајно млеко од Република Србија, со рок на важност до 3 февруари 2024 година и истото е пуштено во промет иако во млекото е детектирано амфлатоксин М1 над максималното дозволено ниво, изјави претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски.

Со тоа, како што посочи, млекото е штетно за пиење и може да предизвика труење и други компликации по здравјето на граѓаните.

-Ова е резултатот од лабораторијата врз кое што го темелиме нашето денешно тврдење. Наодите покажуваат дека иако млекото содржи канцерогенци материи ги поминало сите контроли и како такво со штетни супстанци е дозволен влез во Република Македонија. Николче Бабовски е тотално промашување за АХВ. Наместо целосна контрола при увоз на храна, АХВ под раководство на Бабовски свесно пушта во употреба производи со канцерогени материи – истакна Трипуновски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Афлатоксините кои се пронајдени во млекото, како што вели Трипуновски, се познати во светот како најважни микотоксини во храната и добиточната храна поради нивната хепатотоксичност и канцерогеност.

– Кој и зошто дозволил млекото во која е детектирано амфлатоксин М1 од Србија да биде пуштено во употреба во Република Македонија. Во која количина од увезеното млеко завршило на рафтовите и дали АХВ има постапено по добиените наоди од тестирањето – праша Трипуновски.

Тој додаде дека дополнително до нив пристигнала и информација дека во сурово млеко во една од поголемите млекари во земјава детектирано е ниво на афлатоксин М1 во млекото, кое ги надминува максималните нивоа дозволени согласно Правилникот за општите барања за безбедност на храната.

– АХВ и Бабовски да одговорат што е направено со таквото млеко и дали истото е веќе завршено на македонската трпеза како сурово млеко или е преработено во сирење, кој е препознатлив бренд на оваа млекара во Република Македонија- вели Трипуновски.

Тој апелираше до граѓаните на максимална претпазливост, а до Бабовски наместо да се брани со напад дека шират лажни вести, веднаш да го расветли целиот случај и соодветно да реагира.