Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ѝ наредил на американската армија да биде подготвена да изврши напади врз Иран доколку Техеран се обиде да организира или изврши атентат врз него.
– Илјада ракети се распоредени и насочени кон Исламската Република Иран, а уште илјадници се подготвени веднаш да следат доколку иранската влада ја исполни својата закана, упатена на многу места низ целиот свет, за атентат или обид за атентат врз актуелниот претседател на САД – во овој случај мене! – напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social).
Тој додаде дека наредбата веќе е издадена и дека американската армија е подготвена „целосно да ги опустоши и уништи сите области на Иран“ доколку се реализира такво сценарио.
Трамп не приложи докази за своите тврдења, ниту, засега, има официјална реакција од иранските власти.


































