Фото: ЕПА

На конференцијата за вештачка интелигенција во Хенан, официјално беше објавено дека Кор нод (Сore node) на кинескиот национален суперкомпјутерски интернет е успешно пуштен во онлајн функција, нудејќи мрежа со над 100.000 ВИ-картички за пресметки.
Овој технолошки инфраструктурен проект има цел да ги поврзе расфрланите суперкомпјутерски центри низ Кина во една единствена масовна дигитална мрежа. Преку неа, индустриите и истражувачките институти ќе можат да повлечат огромна компјутерска моќ со рекордно ниска латентност (доцнење на податоците), што е клучно за ВИ-моделите.
Според најновите податоци на Националната комисија за развој и реформи, стапката на пенетрација на вештачката интелигенција во клучните кинески индустрии веќе надмина 80 проценти, што покажува дека ВИ веќе не е само теорија, туку реалност во фабриките.
Паралелно со ова, Кина се подготвува да биде домаќин на Светската конференција за вештачка интелигенција (WAIC 2026) во Шангај од 17 до 20 јули, каде што ќе се промовира глобална соработка во управувањето со паметните технологии. Кинеските власти апелираат на отворени синџири на снабдување за чипови и стабилно технолошко партнерство.