Фото: Пиксабеј

Германската полиција ја ослободи жената која синоќа беше земена како заложник во супермаркет во јужниот дел на Берлин, соопштија властите по успешно завршената полициска акција.

 – Напаѓачот е неутрализиран, а заложничката е ослободена“, изјави портпаролот на берлинската полиција, Штефан Петерсен-Шуман.

Инцидентот се случил синоќа околу 22 часот по локално време во супермаркет во берлинската населба Мариенфелде. По повеќечасовна акција, специјалните полициски единици успеале да ја ослободат жената и да го совладаат напаѓачот, пренесе ДПА.

Засега не се соопштени информации за здравствената состојба на ослободената жена, ниту за мотивот на напаѓачот. Полицијата најави дека истрагата за случајот продолжува.