Фото: ЕПА

Бројот на загинати во двата силни земјотреса што ја погодија Венецуела на 24 јуни се искачи на 4.118, соопшти претседателот на Народното собрание, Хорхе Родригез.

Според официјалните податоци, во катастрофата се повредени 16.740 лица, додека 17.907 жители останале без своите домови, пренесе „Гардијан“.

Земјотресите со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала најтешко ги погодија главниот град Каракас и крајбрежниот регион Ла Гваира. По двата силни потреса беа регистрирани повеќе од 600 последователни земјотреси со помал интензитет.

Спасувачките екипи и натаму се на терен, додека властите продолжуваат со проценката на штетите и обезбедувањето помош за погоденото население.