Во изминатите 24 часа во земјава се регистрирани четири случаи на семејно насилство, при што три лица се лишени од слобода, информира Министерството за внатрешни работи.
Во струмичко село, ноќеска во 1.20 часот, полициски службеници од СВР Струмица привеле 49-годишен маж, кој, според пријавата, вечерта претходно физички го нападнал својот 68-годишен татко во семејниот дом и му нанел повреди. Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во Куманово, синоќа во 20.40 часот, бил приведен 49-годишен маж со иницијали Ч.С., осомничен дека физички ја нападнал својата 33-годишна сопруга. И во овој случај, по завршување на постапката, ќе следува соодветна пријава.
Во Тетово, 54-годишна жена пријавила дека нејзиниот син физички ја нападнал во семејниот дом по расправија околу пари. Таа се здобила со повреди и ѝ била укажана лекарска помош во Клиничката болница Тетово. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на осомничениот и расчистување на случајот.
Во уште еден случај, СВР Охрид ноќеска по полноќ лишила од слобода 36-годишна жена од охридско, осомничена дека во семејниот дом физички ја нападнала својата мајка. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.



































