Фото: ЕПА

ФУДБАЛ

  • Пораките од Пјерлуиџи Колина, шефот на судиите во ФИФА, пред Светското првенство беа едноставни. До тренерите: ќе има фокус на блокирањето и на држењето. До судиите: бидете подготвени да бидете строги

Постои јасна разлика во пристапот во судењето при корнерите на Светското првенство, откако борењето се чинеше дека е ендемско кон крајот на минатата сезона, а понекогаш дури 16 фудбалери беа во петерецот преполнувајќи го просторот на голманот, пишува „Би-би-си“. Не сме виделе исто ниво на Светското првенство.
Но што направи Светската фудбалска федерација (ФИФА) за да се бори против тоа и дали тоа би можело да значи дека ќе видиме разлика во Премиер-лигата во следната сезона, пишува „Би-би-си“. Пораките од Пјерлуиџи Колина, шефот на судиите во ФИФА, пред Светското првенство беа едноставни. До тренерите: ќе има фокус на блокирањето и на држењето. До судиите: бидете подготвени да бидете строги. Ќе има нулта толеранција за какви било движења без топка што се дизајнирани да го спречат противникот да ја достигне топката и тоа да доведе до голови, пишува „Би-би-си“. Држењето уште се случува, само не во иста мера. Судиите, на пример, уште ги запираат корнерите за да разговараат со играчите што се борат. Кога станува збор за голманите, се чини дека Колина очекува ексклузивна зона во петерецот.
– ФИФА го промени својот пристап и секој контакт е во корист на голманот – рече за „Би-би-си“ поранешниот играч од средниот ред на Германија, Томас Хицлспергер.
Дали промената има некакво влијание врз вредноста на корнерите? Се чини дека статистиката сугерира на тоа, пишува „Би-би-си“. Во Премиер-лигата минатата сезона головите по корнери беа во просек 0,49 по натпревар, речиси доволно за еден на секој втор меч. Бундеслигата и Лигата на шампионите беа блиску со 0,46. На Светското првенство бројката е 0,34, на исто ниво со другите пет најдобри европски лиги, кои исто така имаат понизок праг за интервенција во шеснаесетникот.

Вниманието на Колина кон деталите на ова СП беше големо. Вкупно 51 судија и 88 помошници се сместени во најсовремен камп во Мајами, Флорида. ФИФА обезбеди голема група играчи со полупрофесионален стандард, кои се вежбани во шемите на играње и рутините на прекини на националните тимови, за тоа каде репрезентациите ги поставуваат своите играчи на прекините, каде трчаат, дали некој е во позиција на блокирање…, пишува „Би-би-си“.
На судиите им се даваат повратни информации за одлуките што ги носат и тоа го внесуваат во играта. Ова е многу полесно за ФИФА да го направи во турнирски формат, се разбира, со судии во контролирана, интензивна тренинг-средина. Веројатно е и неопходно. Од судиите не може да се очекува да знаат како ќе играат сите 48 репрезентации. Колина верува дека е исклучително важно да се користат реални сценарија, а не само записи и дијаграми. Неговите судии можат да добијат опиплив впечаток за тоа како би можеле да се одвиваат клучните ситуации на натпревар, пишува „Би-би-си“. Колина верува дека единствениот начин да се постигнат резултати е да се биде строг, да се изложи ситуацијата на тренерите и да се биде подготвен да се спроведат правилата кога е потребно. Н.М.


ФУДБАЛ – СП 2026

Осмо полуфинале за Франција

Репрезентацијата на Франција е првиот полуфиналист на годинашното Светско првенство, по победата на дуелот со селекцијата на Мароко, со 2-0, во првиот меч од четврт-финалето, во четвртокот. Тоа е трето полуфинале во низа за Франција, а вкупно осмо (досега има по две први, втори и трети места и едно четврто место), колку што има и Бразил, според податоците на Светската фудбалска федерација (ФИФА). На таа листа води Германија, со 12 полуфиналиња, пред Бразил и Франција со по осум. Франција за пласман во финалето ќе игра со победникот на синоќешниот дуел Шпанија – Белгија. Втората полуфинална двојка ќе биде составена по средбите Норвешка – Англија (вечерва од 23 часот) и Аргентина – Швајцарија (утре, од 3 часот). Н.М.


СП 2026 1/16-ФИНАЛЕ

Германија – Парагвај 1-1 (3-4 п.)
Франција – Шведска 3-0
Јужна Африка – Канада 0-1
Холандија – Мароко 1-1 (2-3 п.)
Бразил – Јапонија 2-1
БСК – Норвешка 1-2
Мексико – Еквадор 2-0
Белгија – Сенегал 3-2
Англија – ДР Конго 2-1
САД – БиХ 2-0
Шпанија – Австрија 3-0
Португалија – Хрватска 2-1
Швајцарија – Алжир 2-0
Австралија – Египет 1-1 (2-4 п.)
Аргентина – Зелено`ртски О. 3-2
Колумбија – Гана 1-0

ОСМИНАФИНАЛЕ
Канада – Мароко 0-3
Парагвај – Франција 0-1
Бразил – Норвешка 1-2
Мексико – Англија 2-3
Португалија – Шпанија 0-1
САД – Белгија 1-4
Аргентина – Египет 3-2
Швајцарија – Колумбија 0-0 (4-3 п.)

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
1. Франција – Мароко 2-0
2. Шпанија – Белгија синоќа
3. Норвешка – Англија 23 ч.
4. Аргентина – Швајцарија утре, 3 ч.

ПОЛУФИНАЛЕ
Франција – Победник 2 вторник, 21 ч.
Победник 3 – Победник 4 среда, 21 ч.