Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека од направени 972 тестирања евидентирани се 313 нови случаи со потврден ковид-19. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 79 реинфекции. Оздравени се 364 пациенти.

Од новите позитивни на корона вирусот, во Скопје се 154, во Битола – 35, Куманово – 18, Кавадарци – 16, Прилеп – 14, Гевгелија – 10, Охрид и Крива Паланка – по 7, Велес , Штип и Кочани – по 6, Струмица – 5, Струга и Делчево – по 4, Гостивар – 3, Кичево, Неготино, Ресен, Кратово , Богданци и Демир Хисар – по 2, Тетово, Радовиш, Берово , Виница , Крушево и Пехчево – по еден.

Од вкупно 364 оздравени пациенти, најмногу се во Скопје – 160, Битола – 25, Прилеп , Охрид и Струмица – по 17, Куманово – 15, Кавадарци и Кичево – по 13, Гевгелија – 11, Велес и Кочани – по 9 ,Струга – 8, Тетово – 7, Штип – 6, Гостивар, Ресен и Виница – по 5, Неготино и Берово – по 4, Свети Николе – 3, Крива Паланка, Делчево, Дебар и Кратово – по 2, Богданци, Крушево и Пехчево – по еден.
Во вчерашниот билтен на Министерството за здравство се наведува дека во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од Скопје, на возраст од 85 и 83 години. Лицата се починати во болнички услови.
Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“  регистрирани се пет починати лица, од Битола  (84г), Валандово  (71г), Кратово (68г), Охрид (73г) и Скопје (88г). Две лица се починати во болнички услови и три лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 6.08. до 23.08.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.146.647 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 339.240, бројот на оздравени пациенти е 327.354, на починати е 9.468, а бројот на активни случаи изнесува 2.418